Заборавената епидемија

15.10.2014 16:03
Заборавената епидемија

Од јануари 1918 до декември 1920 година, од смртоносен грип се заразиле повеќе од 500 милиони луѓе ширум светот. Целата планета се криела зад маски, а стравот се вовлекол во селата и градовите. Проценето е дека од грип умреле помеѓу 50 и 100 милиони луѓе, што сочинувало 5% од тогашната популација. Болеста убила повеќе луѓе од која било друга во забележаната историја, а бројот на жртви го надминал оној од Првата светска војна.

Сестра вработена во американскиот Црвени Крст носи маска во обид да го спречи ширењето на грипот; 1918.

Американски полицаец носи „маска за грип“ за да се заштити од епидемијата на шпански грип која се појавила по почетокот на Првата светска војна; 1918.

Две жени разговараат преку маски за груп за време на епидемијата; 1918.

Дактилографка од Њујорк работи носејќи маска; 16 октомври 1918.

Медицинска сестра се заштитува додека полни вода; 13 септември 1918.

Во трамвај во Сиетл кондуктер одбива да му дозволи влез на патник кој не носи маска; декември 1918.

Уличен чистач во Њујорк се заштитува од грипот со маска; октомври 1918.

Пациентка носи посебна маска за носот; 27 февруари 1919.

Американски играчи на бејзбол носат маски за време на натпревар; 1918.

Човек подготвува „спреј против грип“ во лондонски автобус; 2 март 1920.

Полицајци од Сиетл носат маски за да се заштитат од грипот1918.

Извор: e-novine

ОкоБоли главаВицФото