На парчиња

16.10.14 15:41

„На парчиња“ е необичнa и оригинална визуелна поезија на француската илустраторка и авторка на стрипови Марион Фајол, која со својата игривост и надреализам потсетува на легендарната книга Codex Seraphinianus на италијанскиот уметник Луиџи Серафини.

Понекогаш смешни, понекогаш тажни, понекогаш весели, а понекогаш длабоко филозофски, наративите на Фајол без зборови се сè освен тивки. Тие зборуваат за љубовта и загубата, страста и предавството, копнежот и мечтата. Сликите се фрагментарни, но моќни, а во нив парчињата од разединетиот свет се фузираат во кохезивна слика, импресија, приказна.

Извор: Brainpickings