Барате место за работа? Здружете се!

17.10.2014 10:00
Барате место за работа? Здружете се!

Некогашната генеричка деловна зграда во третиот виенски округ на адреса Marxergasse 24/2 во март стана Das Packhaus, простор кој на самовработените, start-up иницијативите и студентите им нуди простор за работа и слободно време поповолни од цената на вообичаените простори на пазарот.

Станува збор за експериментален просор за shared space иницијатива и партиципативно управување со просторните ресурси кои во рамки на Парадокс, меѓународен тинк-тенк за привремено користење, го покренале Маргот Деренберг, Вероника Ковацова и Леони Шпицер. Професионално се занимаваат со урбана и социјална географија односно дизајн и дизајн на ентериер, а овој проект го иницирале со желба за ангажирано делување во развојот на просторните ресурси и социјални иновации. Освен нив три, во Парадокс има архитекти, социолози, економисти, географи, политолози, дизајнери, фотографи, новинари, психотерапевти и сутденти. Парадокс се занимава со овој проблем на повеќедимензионален начин, ја комбинира праксата и теоријата, ги поврзува знаењето, креативноста, новите модели и решенија, но, како што истакнуваат, во прв ред луѓето. Das Packhaus е „shared initiatives“ простор, што подразбира практики кои функционираат на експлицитно соработнички и интердисциплинарен начин. Тие се проактивни, преземаат контрола над просторните ресурси и поттикнуваат партиципативност без опортунизам.

Маргот, Вероника и Леони ѝ го предложиле овој проект на виенската Градска канцеларија за планирање и развој на градот и потоа во ноември 2013 почнале преговори со компанијата за недвижнини Конверт. Добиле дозвола за привемено користење на зградата до крајот на 2015. Денес 250 луѓе кроистат 60 канцеларии и простори за заедничко работење на 2.200 метри квадратни.

Кога во ноември првпат отвориле повик за користење на зградата, се загрижиле дека можеби нема во целост да ги исполнат капацитетите, меѓутоа примиле трипати повеќе апликации отколку што има простории со кои располагаат.

Корисникот може да го уреди својот простор, а во цената која се движи помеѓу 7,5 и 10 евра по метар квадратен месечно, влегува наемнината, греењето, струјата, пристапот до интернет, користење на тоалетот и кујната, трошоците на администрацијата и отворениот пристап до сите заеднички простори и соработнички активности.

За да функционира, на Парадокс му треба институционална поддршка од градот Виена, препознатливост која ја добива преку фестивалите, start-up платформа (како што е „Vienna Design Week” i „Open House Wien“) и финансиски средства за кои аплицира на различни конкурси. Така, минатиот месец тие освоиле прва награда на конкурсот „City hype“ на виенскиот градски Оддел за креативни индустрии при Канцеларијата за економија, во кој нагласокот беше на паметните урбани решенија.

Вo Das Packhaus работните простори се достапни од првиот до шестиот кат, додека оние во приземјето се заеднички и нивното користење однапред се договара. Тоа би можеле да бидат различни работилници или конфекција, часови по јога или готвење, состаноци, изложби, филмски проекции, фестивали... Изнајмувањето на дел од приземјето е можно најдолго на еден месец и секогаш во соработка со тимот на Парадокс, како на пример моменталното кафуле на Karim cooks или работилници на тема заедничко користење.

Таквите самоорганизирани пракси пружаат една алтернативна рамка за производен простор и социјална иновација. Привременото краткотрајно користење или меѓукористење помеѓу две фази на намената на еден простор отвора неискористени, испразнети простори на одредено време под одредени услови и за цена која не е споредлива со онаа на пазарот.

Имајќи го на ум негативното влијание кое испразнетите простори го имаат на јавната сфера, економската исплатливост и другите фактори, нивната „празнина“ може да биде разгледувана и како потенцијал за просторна, економска и институционална иновација - со примена на иновативен дизајн и регулаторни стратегии со кои просторното и економско промашување се претвора во плодно тло за нови активности.

Промените во економската структура бараат нови облици на користење на просторот односно нови стратегии - нова соработка во хибридните економски модели, проникливо мапирање на просторните ресурси или неконвенционални модели на лизинг недвижнините.

Амстердамското студио RAAAF во неодамна објавената книга „Vacancy Studies: Experiments and Strategic Interventions in Architecture“ го истражува просторниот, економскиот и институционалиот потенцијал на празните простори во градот. Сметаат дека е важно да се размислува за привременото надвор од поп-ап продавниците и естетиката на рециклираните дрвени палети и да се отвори простор за поинакви пристапи кон празните простори: соработнички иновативни концепти, свеж институционален став и алтернативна едукација во дизајнот која би вклучувала политика и теорија на јавниот простор, економија, филозофија и визуелни уметности. Ако навистина сака здрава урбана динамика, јавната управа би требало да ја поддржи таа агенда со дозвола за привремено користење во државните, градски и јавни простори.

Распонот на типологија на испразнетите простори нуди неограничени можности за (повторно) користење, не само поради своите физички квалитети, туку и поради екононското и институционално вкоренување на иновативните практики. Во тие простори се шират нови знаења во сферата на урбаниот дизајн, се создава ново социјално ткиво, нови облици на услуги и деловни активности, а сето тоа ја зајакнува заедницата. Меѓукористењето ја разбира и стимулира динамичната природа на градот.

Извор: pogledaj.to

ОкоБоли главаВицФото