Тачи: Се приклучувам на кампањата за здрава храна, препорачувам да јадете суши

18.10.2014 13:40
Тачи: Се приклучувам на кампањата за здрава храна, препорачувам да јадете суши

Скопје, 18 октомври 2014

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, денеска се приклучи на кампањата на владата за јадење здрава храна. Поддршката ја даде од ресторанот „Сушико“.

„Навистина е добра кампањата и пораките на премиерот за јадење овошје и зеленчук со исклучок на компир, но јас би сакал да укажам и на придобивките од редовното јадење суши. Освен што е здраво, сушито ви овозможува и напредок во кариерата и успех во деловното работење. Откако почнав да јадам суши, за малку ќе победев на изборите и за малку ќе добиев министерски позиции во владата. Сушито позитивно ми влијае и на бизнисот, а еве, по неколкумесечното редовно јадење суши, повторно бев избран за лидер на партијата. Јас сум Мендух Тачи и ја поддржувам оваа кампања“, рече лидерот на ДПА.

На масата, друштво му правеше и директорот на УБК, Сашо Мијалков, но и овој пат немавме можност да му го чуеме гласот. Се надеваме на поголема среќа следниот пат.

Извор: kozanostra.net