На Радмила и Заев треба да им се суди!

20.10.2014 15:04
На Радмила и Заев треба да им се суди!

Радмила лупа тешки глупости! Споредува одење во скапа облека со чаши шампањ во позлатениот стар театар (за кој Фокус и другите опозициски медиуми се отепаа од пишување за тоа какво расипништво е тоа здание и забегување по сите основи) со возење по автопат?!?! Значи за неа одењето во МНТ со Бобо било иста неопходност со пичење од 150 на саат по автопат, а неидењето во МНТ со Бобо и било како возење по селски патеки и по ливада или јавање на магаре?!

Па добро бе, вие имате ли памет бре бандо една безмозочна?! Кого вие тука ебете у здрав мозок, за што вие нас нè сметате?! И мислите ли дека ова ќе ви помине, дека некој ќе се фати на оваа јадица?! Па вас треба да ви се суди за предавство бре! За ПРЕДАВСТВО НА ОПОЗИЦИЈАТА и за трудот кој во таа опозиција го вложија илјадниците новинари штрајкувачи пратеници градоначалници стечајци советници колумнисти активисти отпораши паркобрани твитерџии... Сите нив, сета нивна мака вие ја фрливте во Вардар таа вечер додека буљавте во тоа ебената Галија со чашите шампањ во вашите раце, мамето да ви го ебам непрокопсано неталентирано кретенско!!! Вас треба да ви се суди за убиство на опозицијата, вие со вашата некадарност ја уништивте опозицијата и му дадовте уште 10 години власт на Груевски!

Навистина фала ви за тоа. Нема да ви го заборавиме тоа поштована Рада и поштовани Заев. Ама јас знам зошто вие ова го работите. Вие едноставно не сте виновни. Така вас ви се чини дека е исправно. Едноставно вие сте забегани, далеку далеку од обичниот народ. Вие сте кралска лоза, вие сте како британското кралско семејство. Денеска ми текна за тоа, чудно како до сега тоа не го бев укапирал. Па Радмила уште од свои 24 години е асистент на факултет, па потоа пратеник, па министер, па пак пратеник, па лидер на партија, па сега пак лидер на партија, и плус во брак со безмалку милионер. Заев пак е на функција веќе 10 години, значи пратеник па градоначалник, а притоа тежи милиони евра. Едноставно поради човековата способност да се адаптира на моменталната ситуација, вие во моментов живеете живот од која позиција и перспектива и најголемите политички глупости изгледаат како најправилна одлука. Едноставно, и да потрефите добар политички потег, и да промашите, вашите животи нема да бидат допрени со тоа ама баш ич. Пак вие навечер ќе си се вратите во вашите палати, ќе си ги возите вашите лимузини и џипови, ќе си одите во скапи хотели на одмор, ќе носите облека од илјадници евра, ќе јадете скапи јадења кои чинат како месечна во ЈСП, вашите деца ќе учат во најскапите школи, ќе ја добиваат најскапата лекарска грижа.

Затоа вие можете да живеете со Грујо на власт уште 100 години. Затоа Заев кај Оливера во Вин Вин изјави дека ќе чекал народот да се одважи и да го повика СДСМ да се врати на власт. А претпоставувам во меѓувреме ќе си продолжите да си одите на балови, коктели, ќе си се клештите и ќе си терате бољи живот. А стотиците илјади опозиционери кои се секој ден газени и гмечени и силувани од талибанците на ДПМНЕ, кој ги ебе! Епа браос!

Пу бре да ви ебам семката, ќе нè закопате, ќе нè уништите! Наместо да се извините или да молчите, како што за момент мудро одлучи Заев па ќутеше за тоа кај Оливера, Радмила дури па и напаѓа, исправа криви дрини, се прави умна, дели лекции, продава памет, глуми лудило?! Ајде, сте направиле грешка, па извинете се или молчете бре, ало, маму ви јебем!

Портпаролот пак Петре Шилегов од кој побаравме став како нов весник три дена не ни одговараше на мејлот. Па кога го побарав за објаснување за молкот на телефон ми објаснуваше дека бил љут за нападот за МНТ, он бил таму зашто бил адвокат на Дајнерс?! Ало бе шефеее, ти веќе си портпарол на СДСМ, ти си портпарол на опозицијата, ти носиш веќе друга одговорност, ти не си веќе адвокатот Петре, ти си сега портпаролот Шилегов! И затоа треба да пазиш кај одиш што правиш и какви се последиците од тоа за опозицијата... Алооо, разбирате ли вие бре бар малку од ПРОПАГАНДА И ПР, АЛОО ДЕЧКИИ?!

Не знам што ќе правиме, ова е очајно со што располагаме во опозицискиот камп. Ова е како да навиваш за оние жални клубови во секоја лига кои губат цел живот. Како на времето оној што се тркаше во Формула 1, во ерата на Шумахер и Хакинен, кој го претркуваа по три круга на секоја трка. Еден од опозициските лидери гради барокни хотели па потоа нè убедува дека он ќе ставел вистински мермер а не гипс и картон, друг оди на коктели па нè убедува дека тоа било најгенијалната идеја што му текнала тој ден, трети пак кој знае каква глупост спремаат и потоа ќе нè убедуваат дека сме удрени во глаата... Не знам што ќе се прави, тотално сме наебале!

П. С.
Инаку во СДСМ одамна немаат осет за ПР. Се сеќавам дека во времето на Бранко долго време на веб сајтот на СДСМ висеа слики од лидерството на партијата сликано во Александар Палас?! Уште тогаш на некој од гостите кој беше од СДСМ во емисијата Политико му го поставив тоа прашање, како е можно левичарска партија да се слика и да се фали со слики од најелитниот и најскапиот хотел наместо со слики од некоја работничка менза или студентски дом. Проклетството еве продолжува и навистина Бранко е во право кога вели дека СДСМ е негова ДНК структура. Навистина ова што го оставил зад себе е една банда некадарни копуци без грам памет кај тераат и како да се извојува барем нерешено со битанги какви што се Грујовци. Јбг, тоа е...

Слики: Chris Mars
Извор: Мактел