Пешаците што нема да чекорат во двотретински марш МВР ќе ги казнува со 100 евра

21.10.2014 12:05
Пешаците што нема да чекорат во двотретиснки марш МВР ќе ги казнува со 100 евра

МВР ја продолжува политиката со парични казни за безбедно пешачење. Еве што треба да имаат пешаците со себе, во спротивно ќе треба да платат 100 евра.

Опрема за пешак:

Светло за осветлување на патот, обесено околу вратот

Едно светло за осветлување на патот треба да биде поставено околу вратот на предната страна на пешакот. Светлината што ја дава светлото од Став 1 на овој член треба да биде во црвено-црна боја, а оддалеченоста на светлечката површина на тоа светло од површината на патот не треба да биде помала од 40 cm ниту поголема од 120 cm.

Флуоресцентен елек со амблемот на ВМРО

Еден флуоресцентен елек треба да биде носен на торзото. На задната страна на елекот треба да биде нацртан препознатливиот амблем на ВМРО-ДПМНЕ (жолт лав на црвена позадина), за пешаците да не бидат намерно прегазувани. Елекот да се купува само од вмровски продавници.

Прапорец околу вратот

Секој пешак е должен да носи метален прапорец околу вратот. Прапорецот служи за давање звучни знаци и треба да биде носен така за да дава едноличен звук со непроменлив интензитет, со што пешакот уште оддалеку ќе ги предупредува полицајците за неговото приближување, по што тие ќе можат да го казнуваат за измислени прекршоци.

Начин на пешачење

Секој пешак е должен да чекори во двотретински марш, во ритамот на химната на ВМРО-ДПМНЕ. Доколку пешакот носи слушалки на ушите, преку кои слуша безбожничка пропаганда на опозицијата или странска музика која е дело на ѓаволот, ќе биде казнет со отсекување на едното уво. НАЈСТРОГО СЕ ЗАБРАНУВА ТРЧАЊЕ, ПОТСКОКНУВАЊЕ, ОДЕЊЕ ВО ЦИК-ЦАК ЛИНИЈА ИЛИ НОРМАЛНО ЧЕКОРЕЊЕ.

Друга задолжителна опрема за пешаците:

– рачен часовник со амблемот на ВМРО-ДПМНЕ;

– мобилен телефон со амблемот на ВМРО-ДПМНЕ на екранот;

– слика од Никола Груевски (најмал дозволен размер е 50х50 см,

најголем 100х100 см);

– 200 евра во противденарска вредност;

– црвено-црни чорапи со амблемот на ВМРО-ДПМНЕ;

– црни фармерки или панталони;

– црвена кошула или црвен џемпер;

– јакна со амблемот на ВМРО-ДПМНЕ;

– марамче со амблемот на ВМРО-ДПМНЕ;

– тетоважа со амблемот на ВМРО-ДПМНЕ;

– црни или црвени очила со амблемот на ВМРО-ДПМНЕ.

Глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на пешакот што постапува спротивно на горенаведените правила за пешаци.

ВАЖНА НАПОМЕНА: СИТЕ ЗЕЛЕНО-БЕЛИ ЛЕПРИКОНСКИ КОМБИНАЦИИ НА ОБЛЕКА СЕ ЗАБРАНЕТИ ЗАШТО СЕ РЕЗЕРВИРАНИ ИСКЛУЧИВО САМО ЗА ПРЕМИЕРОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ГОСПОДИНОТ НИКОЛА ГРУЕВСКИ.

Слика: ВМРО на денот