Македонското судство воведува ценовник за критички медиуми

24.10.2014 15:34
Македонското судство воведува ценовник за критички медиуми

Скопје, 24 октомври 2014

По серијата пресуди кои изминативе неколку години судиите во Македонија ги изрекоа во полза на различни државни службеници, донесена е одлука да се поедностават процедурите и да се оформи фиксен ценовник по кој ќе може во иднина однапред да се одредуваат казните. Новинарите и другите заинтересирани, ќе си знаат што ги чека (и колку ќе ги чини) сите оние кои ќе се осмелат да бидат критички настроени кон државните службеници и функционери.

Оваа мера доаѓа како резултат на зголемните напори да се подобри ефикасноста на судството во светло на константните забелешки кои Европската комисија ги има на оваа тема. Од судот велат дека со овој ценовник значително ќе се намали бројот на предмети, а во исто време ќе се забрза постапката за најмалку четири пати. Тие дополнуваат дека ако овој пилот проект се покаже успешен, методологијата ќе ја применат и во другите сфери од судството.

Ценовникот, кој денес веќе циркулира во јавноста, изгледа вака:

– Јавна навреда на државен службеник (не се вклучува министер) – казна 3.000 Евра
– Јавна навреда и клевета на државен службеник (не се вклучува министер) – казна 4.000 Евра
- Клевета и навреда на министер од владата на РМ – 7.000 Евра

-Нанесување на душевна болка на премиер или лица од неговиот кабинет – 10.000 Евра

Побаравме изјави од медиумите кои се најчеста мета на овие пресуди, но тие на кратко само ни потврдија дека конечно беше време да се поедностави процедурата. Покрај казните, се пожалија дека имале и дополнителни трошоци за транспорт и дневници за време на долгите судски рочиштата, така што го поздравуваат секое кратење на истите.

Извор: brejking.net
Слика: Martin Davey