УЕФА ѝ го додели на Србија првото место во групата, па ја исфрли од европското првенство

25.10.2014 12:33
УЕФА ѝ го додели на Србија првото место во групата, па ја исфрли од европското првенство

Нион, 25 октомври 2014

Поради инцидентот кој се случи на натреварот Србија-Албанија, одигран на 14 октомври во Белград, дисциплинската комисија на УЕФА одлучи да ѝ додели на Србија прво место во квалификациската група и директен пласман на Европското првенство, но и да ја исфрли од истото првенство.

УЕФА донесе и одлука Србија финансиски да се награди со 500.000 евра бидејќи е прва репрезентација која изборила пласман на петнаесеттото европско првенсво кое ќе се одржи во Франција, како и да се казни финансиски со 500.000 евра затоа што е исфрлена од првенството.

Србија ќе има право и на одреден контингент влезници кои им припаѓаат на сите учесници на првенството, но поради нејзиното исфрлање на навивачите на Србија билетите ќе им бидат ускратени, стои во официјалното соопштение на УЕФА.

Австриецот Томас Партл, еден од членовите на дисциплинската комисија, рече дека Србија поминала добро и дека имало предлози за поостри казни.

„Првичната идеја беше Србија автоматски да се пласира во полуфиналето, па дури тогаш да се исфрли“, изјави Партл.

Тој спомена дека резултатите кои ги остварила Србија во квалификациите нема да бидат поништени, но нема ни да се сметаат бидејќи тоа би било контрадикторно.

Извор: www.njuz.net