Децата ќе мораат да работат ако сакаат детски додаток

27.10.2014 13:41
Децата ќе мораат да работат ако сакаат детски додаток

Скопје, 27 октомври 2014

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов порача дека децата во иднина ќе мораат да работат доколку сакаат да го добијат својот детски додаток. Тој смета дека оваа мерка ќе ги оневозможи децата да ја злоупотребуваат својата положба и ќе го намали бројот на невработени.

„Детскиот додаток не е социјална категорија. Тој мора да се заработи и затоа децата мораат да ги прифатат задолженијата кои ќе им ги додели центарот за социјална работа. Секое дете ќе добие листа на расположливи работни места и ќе мора да ги прифати едно, или во спротивно ќе ги изгуби своите примања. Прво детскиот додаток ќе биде намален, а во случај на повторно одбивање на работата ќе биде трајно одземен. Децата мораат да бидат активни и да дадат полн придонес за развојот на нашата држава“, вели Спасов.

Тој нагласува дека државата и во овој случај води сметка за интересите на најзагрозените, па бебињата до двегодишна возраст нема да бидат подложени на овој закон. Спасов исто така најавува и строга контрола на спроведувањето на оваа мерка.

„Ќе вработиме инспектори кои ќе ја надгледуваат примената на законот на терен, а секој центар за социјална работа ќе добие советници кои ќе помогнат во реализацијата на овој проект. Со жалење морам да забележам дека и во овој случај доцниме во однос на развиените земји во кои детскиот труд бил нормална појава уште пред неколку векови“, истакнува министерот Диме Спасов.

Извор: www.njuz.net