За што служат земјите како Хаити

27.01.2010 16:33
-ashes-00.jpg

Пред 20 години американски брод за пренос на ѓубре исфрли илјадници тони опасен отпад на плажата во градот Гонаивес. До ден денес нема официјални податоци колку луѓе заболеле од последиците на труењето.

Пред две децении, Khian Sea, брод за пренос на ѓубре, ги напушти територијалните води на САД, пловејќи низ океанот во потрага по држава и локација која е подготвена да го прифати товарот од 14 000 тони отровен пепел од печките. Прво појде на Бахамите, а потоа во Доминиканската Република, па Хондурас, Бермудите, Гвинеја Бисо и Холандските Антили.

Каде и да стигнеше, луѓето жестоко протестираа, па никој не ги прифати милионите долари за пепелот од филаделфиските печки за спалување на комунален смет. Бродската посада често лажеше за товарот што го пренесуваше, надевајќи се дека ќе ги фати владите „на спиење“ и ќе им го подметне овој опасен товар како пепел и остаток од градежен материјал. Но и стручњаците за околина и организациите како Гринпис главно беа еден чекор понапред во известувањето на можните примачи на тој отровен пакет.

Така бродот доплови до Хаити, каде нивниот претседател, диктаторот Бејби Док Дувалие, им издаде дозвола за истовар на пепелот, под името „ѓубриво“. Така на плажата во градот Гонаивес беа исфрлени 4000 тони опасен отпад – пепел. Сепак, населението успеа да сфати за што се работи, па се побунија, барајќи опасниот товар да се врати на бродот. Но Khian Sea побегна оставајќи го својот товар на брегот. Две години подоцна бродот веќе не можеше да го продаде својот товар на ниту една земја, па преостанатите 10 000 тони ги испушти во Индискиот океан.

Група еколошки активисти од Гринпис извршија огромен притисок врз американската влада за да извршат тестирање на „вештачкото ѓубриво“ од плажата Гонаивес на Хаити. Така стручњаците од државната американска Агенција за заштита на околината и Гринпис во „ѓубривото“ најдоа 1800 кг арсен, 4300 кг кадмиум и 435 кг олово, диоксин и останати отрови.

Во јули 1992 г. американското министерство за правосудтво, под притисок на еколошките групи ширум светот, крена обвинение против двајца трговци со опасниот пепел кои ги исфрлија сите 14 000 тони. Но повеќе од 20 години тој отпад не е исчистен – еден дел остана на плажата, а еден дел е пренесен во некоја јама близу плажата. Бидејќи Хаити се навистина сиромашна и запуштена држава, нема официјални податоци колку луѓе заболеле како последица од труењето со опасниот товар на плажата Гонаивес.

Случајот со отровниот пепел од Хаити ги отвори проблемите за решавање на опасниот отпад од индустриските земји кој се извезува под лажните ииња „рециклирани материјали“ или „ѓубриво“. Прашината од контролните филтри, пепелот и прашкастите материи од индустријата за пестициди и војната индустрија се испорачуваат во вреќи во оние земји кои сакаат да ги преземат, а за тоа добиваат одреден паричен надомест.

Секоја година илјадници тони ваков отпад од САД, лажно означен како „ѓубриво“, се истовара на плажите и пустините во Бангладеш, Хаити, Сомалија, Бразил и десетици други сиромашни земји. Еден од иницијаторите на ваквиот „бизнис“ е поранешниот американски претседател Џорџ Буш кој, преку носењето чудни прописи, на американските компании им овозможи продажба на пепелот од печките и отпадот кој содржи високи концентрации на олово, кадмиум и жива од земјоделските хемикалии.

Извор: h-alter

ОкоБоли главаВицФото