Поголемата слика

29.10.14 13:02

Британската Агенција Aptitude во изминатите денови стана популарна на интернет со духовитиот и игрив омаж на омотите на повеќе култни и популарни албуми. Користејќи го вистинскиот омот како основа, од Aptitude потоа значително ја прошируваат сликата, поигрувајќи си со основната идеја и изненадувајќи го гледачот со неочекуваните решенија.

Хуморот што се користи во овие омоти за голем број фанови на бендовите и изведувачите чиишто омоти се „злоупотребени“ е на граница на невкус, но дури и тие ја признаваат имагинативноста и луцидноста на решенијата на Aptitude.

Извор: Demilked

Слични содржини

Графички Дизајн / Око
Живот / Филм / Око
Графички Дизајн / Психологија / Око
Графички Дизајн / Книжевност / Психологија / Стрип
Графички Дизајн / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото