Анти-гламур

15.11.2014 14:42
Анти-гламур

Ана Халдин-Мауле е шведска уметница која е родена во Гетеборг, Шведска. Првиот допир со сликарството го има преку нејзиниот дедо, сликарот Брор Халдин, кој ја подучувал. Своето образование го продолжува на Oland Art Academy, а сега живее и работи на Хаваите.

Хипрерреалистичкиот стил е карактеристичен за речиси сите нејзини слики. Со своето критичко око и неверојатната прецизност, Ана Халдин-Мауле со голема трпеливост, речиси точка по точка ги изработува своите слики на платна во голем формат.

Како модели ги користи нејзините две сестри, а во сликите често реферира на светот на гламурот и модата, кој ги вкалапува жените, создавајќи бунтовнички анти-гламур. Исто така, таа во своето творештво се фокусира на женскиот идентитет, убавина и опседнатоста на современото општество со површноста и негрижата за она што е суштинско.

„Жените денес се навредени од постојаниот удар на медиумите кои диктираат како треба да изгледаме, мислиме и што да купуваме. Моите најнови слики се дел од серијата Персона и преку нив ги истражувам 'маските' кои жените ги носат во потрагата по нивното вистинско јас“, ги коментира шведската уметница нејзините слики.

Извор: www.fineartconnoisseur.com

ОкоБоли главаВицФото