Модниот стил на бездомникот Славик

17.11.2014 15:55
Модниот стил на бездомникот Славик

Украинскиот фотограф Јурко Дјачишин го докуменитра секојдневниот избор на облека на Славик, 55-годишен бездомник кој живее во Лавов. Иако облеката на Славик е направена од стари парчиња облека кои се најдени на отпад и во центрите за помош за бездомниците, неговите уникатни, неконвенционални комбинации изгледаат како од модна писта. Според Дјачишин, бездомникот се гордее со својот моден сензибилитет и вкус, и секој ден наоѓа време да ја промени својата облека и фризура.

Дјачишин првпат го сретнал Славик во центарот на Лавов, каде тој им приоѓал на непознатите минувачи барајќи милостина. Фотографот правел една фотографија од Славик кога и да го сретнел, давајќи му по еден долар за секој портрет. По неколку години, двајцата се спријателиле, па нивните средби повеќе не биле случајност, туку се договарале да се сретнат среде градскиот метеж, да поразговараат и да направат кратка фотосесија.

Славик, кој понекогаш исчезнувал одредно време, понекогаш неколку денови, а понекогаш и со недели, последен пат е виден во јануари 2013, но Дјачишин се надева дека барем уште еднаш ќе налета на овој човек со стил.

Извор: Feature Shoot