Фотографии од студентскиот протестен марш во Скопје

18.11.2014 12:55
Фотографии од студентскиот протестен марш во Скопје

Студентите во Македонија на 17 ноември напладне излегоа на улиците, одбележувајќи го Меѓународниот ден на студентите со протестен марш против најавеното екстерно тестирање во високото образование.

Маршот беше и протест против владиното кршење на автономијата на универзитетот и против корумпираната официјална студентска организација, но исто така и повик за солидарност и самоорганизирање меѓу студентите.

Во организација на студентската иницијатива „Студентски пленум“ маршот започна пред платото на најголемиот државен универзитет Св. Кирил и Методиј, до канцеларијата на легалните претставници на студентите - СПУКМ, кои симболично беа погребани со цветови и венци, за да заврши пред Министерството за образование.

Фотографии: Ванчо Џамбаски

ОкоБоли главаВицФото