Суперфламанци

19.11.14 12:38

Францускиот уметник и фотограф Саша Голдбергер е автор на проектот „Суперфламанци“, во кој на духовит начин ги пренесува популарните суперхерои во класичните дела на фламанските сликари и модата од Елизабетанската ера. Погледнете како изгледаат ретро-верзиите на Супермен, Бетмен, Спајдермен, Дарт Вејдер, Хулк и другите популарни херои, низ откачената призма на Голдбергер.

Извор: sachabada.com