Домаќинка одушевена од тоа како ѝ испаднала вечерата на Инстаграм

19.11.2014 15:21
Домаќинка одушевена од тоа како ѝ испаднала вечерата на Инстаграм

Скопје, 19 ноември 2014

Скопската домаќинка Мими Петрова се одушевила кога видела како ѝ испаднала вечерата на социјалната мрежа Инстаграм, дознаваат Пара вести.

Оваа домаќинка во петок навечер го подготвила гулашот кој, како и секое јадење кое го зготвила изминативе месеци, веднаш го фотографирала и го споделила со своите пријатели на Инстаграм.

„Иако речиси секогаш готвите на ист начин, никогаш не можете да знаете со сигурност како ќе испадне храната на Инстаграм. Во рецептот пишуваше дека треба да се користи филтерот mayfair, што го направив и претходните два пати кога готвев гулаш. Сепак, сакав малку да експериментирам, бев убедена дека јадењето може да испадне уште подобро, па на своја рака одлучив да го вметнам филтерот hudson“, објаснува Мими.

Таа додава дека не застанала овде и во завршната фаза одлчила малку да го намали контрастот и да ја зголеми топлината на снимката.

„Фотографијата моментално стана хит, забележа рекорден број лајкови уште во првите десет минути. Лајковите беа проследени и со коментари 'ти си мајстор', 'њам-њам', 'алал да ѝ е на домаќинката' и многу други. Разсмислувам денес да ја споделам и на Фејсбук, иако повеќето домаќинки сметаат дека има малку јадења кои еден ден подоцна можат да испаднат добри како првиот ден“, вели оваа домаќинка и напоменува дека повеќето јадења ги подготвува поради своите следбеници на Инстаграм, а најголема сатисфакција ѝ е кога ќе сфати дека луѓето поради кои готви се задоволни од храната.

Извор: www.njuz.net