Мијалков донираше офшор-компанија од Белизе и три згради во Прага на Домот за децата без родители

21.11.2014 12:03
Мијалков донираше офшор-компанија од Белизе и три згради во Прага на Домот за децата без родители

Скопје, 21 ноември 2014

Директорот на Управата за државна безбедност и контраразузнување, Сашо Мијалков, денеска донираше три згради во Прага и една офшор-компанија од Белизе на скопскиот дом за деца без родители „11 Октомври“. Со тоа продолжуваат хуманите гестови на Мијалков, откако претходно ги донираше и парите што новинарите од целата земја ги собираа за да му ја закрпат душевната болка што му ја нанесоа колегите од „Фокус“.

Од Јавната установа „11 Октомври“ потврдија дека ги примиле зградите и компанијата и тие во име на сите деца згрижени во Домот се заблагодаруваат на хуманоста.

Дониран е само мал, симболичен дел од скромниот имот на овој наш познат бизнисмен, но важно е дека тоа е направено од срце.

Извор: www.kozanostra.net