Немоќни пред семејното насилство

26.11.14 12:34

Институциите на државата не можат или не сакаат да го превенираат семејното насилство, ниту пак да ги заштитат жртвите, најчесто жени. Според граѓанските организации кои се грижат за правата на жените, не сакаат! Aко Министерството за труд и социјала си ја вршеше работата, повеќето од трагичните настани на пријавено семејно насилство немаше да се случат или во најмала рака немаше да кулминираат со убиства и самоубиства.

На 25.11.2014 го одржаа првиот протест и најавија серија следни со цел да го натераат Министерството да ги прифати нивните барања за отворање СОС линии, кризни центри за заштита на жртвите и спроведување низа други активни мерки за превенција.

Фотографии: Ванчо Џамбаски

ОкоБоли главаВицФото