Нова поставка во Музејот на Македонија: колекција ветувања дека ќе се најдат украдените артефакти

27.11.2014 13:48
Нова поставка во Музејот на Македонија: колекција ветувања дека ќе се најдат украдените артефакти

Скопје, 27 ноември 2014

Дел од постојаната поставка во Музејот на Македонија во иднина ќе биде и колекцијата ветувања дека ќе бидат фатени крадците на артефактите и истите ќе бидат вратени во музејот, најавија денес од управата на Музејот.

Во постојаната поставка ќе се наоѓа и денешната изјава на раководството на Музејот дека ќе бидат вратени сите украдени артефакти.

„Станува збор за многу оригинални и креативни ветувања од исклучителна историска и уметничка вредност. Иако се дел од современата уметност, тие веќе можат да се сметаат за македонско културно наследство со барокен шмек. Јавноста веќе покажа интерес за фаќање на крадците, па очекуваме дека поставката ќе биде хит“, вели М.С., вработена во Музејот.

Се очекува поставката да биде готова кон средината на 2016 година, а од МВР се расположени да ја отстапат својата документација за текот на истрагата, која ќе биде дел од поставката.

Извор: www.njuz.net