Alien vs. Predator

28.11.2014 10:36
Alien vs. Predator

Матијас Плацек, на кого не може да му се приговори, има идеја: „Анексијата на Крим мора дополнително да се усогласи со меѓународното право, така што ќе биде прифатлива за сите“. Тоа значи дека не постои можност Русија да се откаже од Крим. Тоа не го сакаат ниту жителите на Крим. Плацек е во право. Треба да му бидеме благодарни, затоа што ги разобличи заблудите на западната политика кон Русија.

Воените повици се сè погласни. На самитот на Г20 во Бризбејн, Владимир Путин и Ангела Меркел се нафрлија еден на друг, две политички животни кои владеат со европската сцена. Првиот би требало да е грабливец во потрага по плен. Така барем сметаат германските медиуми. Втората, и после сите овие години останува многу непозната: внимателна, тивка, но не и помалку опасна. Снимено е ново продолжение на геостратешкиот блокбастер Alien vs. Predator.

Путин ги разместува своите авиони и бродови ширум планетата. Ангела Меркел се откажа од својата воздржаност и го разгоре конфликтот со приказната за загрозениот мировен предок, предупредувајќи го рускиот претседател дека ЕУ нема да отстапи: „Така беше 40 години и не сакаме тоа повторно да го преживуваме“. Штајнмаер залудно проколнува „да не ја уништуваме можноста да го смириме и да го ублажиме овој конфликт со нашите јавни изјави“.

Смирување и ублажување на конфликтот – тоа не го сакаат ни Русија ни Западот.

Путин не нè остава на мира. Сега го обвинуваме дека ѝ се навртел не само на Украина туку и на Балканот и источните членки на Европската унија. И тоа со особено перфидни, економски средства. Доверливиот документ од министерството за надворешни работи на Германија ламентира над фактот дека Москва ужива голема поддршка од граѓаните на Србија, за што значајно придонесува нејзиниот став во врска со Косово.

Зарем некој ги сака Русите? Тоа никако не се совпаѓа со нашата слика за светот. Волкер Рухе неодамна изјави: „Не познавaм никого на светот што сака да го усвои рускиот систем“. Во случајов, прозборува западната надуеност. Колку што Западот е поарогантен, посамоуверен, понезаинтересиран, толку исмеаниот „руски систем“ е попривлечен за оние од европските маргини. Така и ни треба, кога мрзеливите Бугари паразитираат од нашата социјална помош.

И, тогаш се појави Плацек со својот освежувачки совет за геостратезите од Вашингтон, Брисел и Берлин: „попаметниот попушта“. Така беше и во првата студена војна. „Какво смирување“, грми ФАЗ, „Тоа е Минхен 2.0!“ А Плацек само изнесе еден факт: Крим ќе остане руски. Не држи споредбата со Балтикот, кој Русија го анектираше во 1940 година, затоа што нема сомнеж дека граѓаните на Крим чувствуваат припадност кон Русија.

Треба воопшто да се биде внимателен кога се зборува за анексија. Хамбуршкиот филозоф по право Рајнхард Меркел смета дека не станува збор за анексија на Крим, туку за сецесија. Немавме насилно одземање на дел од друга држава, туку негово одвојување. Првото би било тешко кршење на меѓународното право и причина за војна, второто е во спротивност само со украинското право: „Тоа не го прави примателот крадец“, објаснува Рајнхард Меркел.

Плацек Влезе во клубот на оние што го „разбираат Путин“. Тоа е најголемиот грев. Ако рускиот претседател во првите три секунди од разговорот не го наречете светски злосторник, станувате одговорни за анексијата на Крим и руските антигеј закони. Нова храбра форма за јавно испитување на личните убедувања.

Политичките се позначајни, затоа што се далеку помоќни, оние што не го разбираат Путин. Луѓето кои сè уште се прашуваат: „Што сака тој?“ Рускиот претседател стана симбол на геополитиката од видот „бог со нас“. Вистинскиот одговор најдобро го знаат оние од Вашингтон. Мотивите на руската политика во Украина, на Балканот и остатокот од источна Европа се недвосмислени: Русија има намера да го ограничи агресивното ширење на влијанието на западната сфера.

Едноставно, Западот нема да се откаже од своето добро извежбано незнаење, затоа што тоа е услов за опстанок на фикцијата дека ние сме од подобар материјал отколку Русите. Само така можеме да продолжиме да морализираме додека ја спроведуваме политиката на силата.

Извор: http://www.spiegel.de/

Слични содржини

Европа / Свет
Европа / Свет
Европа / Свет
Европа / Свет
Европа / Свет

ОкоБоли главаВицФото