По трагите на новинарските истражувања (1)

05.12.2014 11:01
По трагите на новинарските истражувања

„Новинарот има обврска да се образува во јавност“ — вели Џозеф Кембел во неговата серија интервјуа „Моќта на митот“ и тоа го направив јас денес откако решив да истражам нешто повеќе во врска со нашата афера за пасоши.

Прво, аферата со опрема што е исчезната или на друг начин спорна воопшто не е нова. За оваа опрема пишувала НоваТВ во август 2013 година. Сепак, тоа што е чудно е како оваа „криминалистичка опрема“ (НоваТВ) од 2013 преминала во опрема за која „се знае дека дел од опремата можела да се употреби и за биометриски документи — пасоши и лични карти“ (Фокус бр. 994) во 2014 година.

Всушност, такво нешто не се знае. Ако опремата како што тврди Фокус е AFIS, истата што ја користи американското ФБИ, а е набавена од ќерката на Safran — Morpho, тогаш со таа опрема не може да се прават биометриски документи, бидејќи просто тоа е форензичка опрема.

Дека таа опрема е набавена е неспорно и од информациите што ги има Фокус (бр. 994, стр. 13) каде што се гледа документ за примопредавање на опрема помеѓу Safran и Министерството за образование и наука. Тaа опрема е MetaMorpho.

Францускиот Safran продава опрема за правење на пасоши и лични карти, но досега никаде нема информација од никого дека таква опрема е набавувана во Македонија, ниту пак Македонија фигурира на листата на клиенти за биометриски документи на оваа компанија. За потсетување, Македонија набавувала опрема за пасоши во 2005 година. Таа опрема според информациите од минатото чини 23 милиони евра.

Мислам дека ова ги фрла во вода тврдењата за евентуална поврзаност на тендерите на МОН за набавка на опрема и аферата производство на пасоши.

Сепак, може да истражиме дали навистина во Македонија има набаваено 3 AFIS-а, бидејќи дури и опрема за проверка на отпечатоцити и одржување на криминалистички бази не би требало да биде во ничија друга сопственост освен на МВР (настрана можните нелегални примопредавања помеѓу МОН, УКЛО и МВР).

За таа цел може повторно да се навратиме на испратницата (acceptance certificate) од Safran (Фокус 994, стр. 13). Ако Safran навистина донесол и монтирал три комплета ваква опрема тогаш би требало да има три испратници — по една за секоја локација каде што е таа монтирана. Понатаму, може да се провери договорот бр. EP 18–60/22 од 26.09.2011 година (склучен меѓу МОН и Safran) и во него да се побараат податоци за тоа колку и каква опрема е испорачана. Логично е да се очекува дека Safran би барал овие документи да бидат точни и веродостојни пред да ги потпише, бидејќи едноставно, доколку на испратницата се вели едно, а на договорот друго, тогаш во некој момент МОН би можел да побара договорот да се исполни до крај. Safran сигурно тоа не би го дозволил.

Но, ако сето тоа се чини комплицирано, доволно е да се види тендерската документација на тендерот бр. 43/2010 којашто е достапна на web страницата на Бирото за јавни набавки (не можам да најдам permalink, но може сами да проверите на https://e-nabavki.gov.mk/).

Лабораториите што се набавуваат се еден AFIS и две студиски опреми за МРТ.

Човечето што повикува на теорија на заговор сега ми вели да допишам дека, ете, можеби со сета опрема заедно вака може да се прават фалсификат пасоши, но дајте прво да провериме дали во МТВ има ново студио и аудио-визуелна опрема и дали таа е купувана исто така од Safran. Но, тендерот 43/2010 е делив и според документацијата купен е само еден дел — AFIS:

Дополнето на 4.12.2014: Според информациите од јавните набавки во 2007 година во државата Западна Вирџинија набавката на основниот систем AFIS од истиот производител чини 2.950.000 долари.

Набавката во Македонија според сите извори е околу 152 милиони денари или околу 2,5 милиони евра.

Извор: medium.com/@therealpsmst