Шокантно: зад идејата за државен испит стои идиот!

06.12.2014 17:27
Шокантно: зад идејата за државен испит стои идиот!

Скопје, 6 декември 2014

Зад идејата за екстерно тестирање или државен испит за студентите стои идиот, дознава ексклузивно редакцијата на Пара вести.

Македонската јавност се прашуваше која е смислата на предложената образовна реформа, а разумна поента во оваа идеја не можеа да најдат ниту универзитетските професори, како ни самите студенти.

Преку обемно и долготрајно теренско истражување, новинарите на Пара вести дојдоа до фотографија на која се гледа дека во кабинетот на Министерството за образование и наука се наоѓа идиот, кој најверојатно е автор на предлогот за екстерно тестирање.

Со ова, се потврдуваат тврдењата кои сè до неодамна се сметаа за само уште една теорија на заговор.

За да им ја олесниме работата на читателите, на ексклузивната фотографија го заокруживме откриениот идиот во кабинетот на МОН.

И покрај ова спектакуларно откритие на новинарите на Пара вести, сè уште во јавноста кружат шпекулации и теории на заговор дека идејата за државен испит (или по старо, екстерно тестирање) е дело на повеќе идиоти кои сè уште не се заокружени со црвено крукче.

Нашата редакција ќе продолжи со истражувањето, а црвените кругови веќе се подготвени за откривање на нови лица вмешани во идејата против која студентите масовно се побунија.

Подолу можете да ја погледнете ексклузивната фотографија од лицето кое стои зад контроверзната идеја за државен испит.