Јоци, знаеш ли кај можеш да си ги ставиш плакетите, сите четири?!

11.12.2014 11:06
Јоци, знаеш ли кај можеш да си ги ставиш плакетите, сите четири?!

Јорданка Ивановска - Јоци во 1.30 ноќеска објавила на ФБ дека ќе ме тужи за клевета и навреда. Изгледа толку сум ја погодил што не можела да заспие. Ох, сирота таа. А што напишав па толку ја извади од кожа? Ништо посебно, само го споредив она што го пишува на ФБ, а тоа е едно дрско, јако, критичко, самоуверено, авторитативно, опозиционерско однесување кое е за почит, со едно сосема спротивно срамно, тивко, КУРИР-ско нејзино однесување на местото каде работи, дневниот весник Дневник, перјаницата на ДПМНЕ-вската пропаганда!

И сега каде е апсурдот во целата работа?! Јоци цело време им дели лекциина сите - на опозицијата, на опозициските новинари, кој каков бил, јали бил или не бил баш како што треба, и ред други мудрувања и паламудења, и излегува дека никој не чини туку само таа самата. Работи во Дневник и НИТУ ЕДНАШ ЈА НЕМА ИСКРИТИКУВАНО ВЛАСТА НА ДПМНЕ НА КОЕ БИЛО ЕБЕНО НИВО, туку тивко, немо, послушно си ги пренесува проектите на Коце за Скопје, а за ИСТИТЕ ПЛУКА НА ФБ СО СЕТА СИЛА?! ПА КАКО Е ОВА МОЖНО ПОБОГУ ЧОВЕЧЕ?!

Епа ако е толку храбра Јоци нека земе тоа што го мисли во себе во приватност нека го каже и на професионален план, па нека добие клоца како сите нас и да види како е да се биде ВИСТИНСКИ ОПОЗИЦИОНЕР, а не опозиционер од заседа, иза грмушке... Па и јас можев да си ја водам Политико на Наша ТВ и да си ги викам министрите и пратниците на ДПМНЕ да ми се фалат во емисија, а после на ФБ да плукам по нивните проекти, и да си земам со години по илјада ерва плата и кур да не ми чуе, да си одам по одмори, по седенки, вечери и шопинзи, ама тоа е смешно и бедно нели? Всушност, Јоци не е единствена од ваков вид. Познавам и еден уредник во мала но доста радикална прорежимска телевизија, кој додека е на работа работи за власта, а по работа е во штабот на СДСМ во Ѓорче, па дури беше шеф на изборен штаб на кандидатот за градоначалник на СДСМ за Ѓорче?!

Ме прашуваш што сум направил јас за разлика од тебе, која си имала дури четири плакети за најдобар новинар? Јас душо за разлика од тебе го кренав гласот ТАМУ КАДЕ ШТО РАБОТЕВ, ОДБИВ ДА ГИ ЧИТАМ ТЕКСТОВИТЕ И НАРЕДБИТЕ ОД ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ДПМНЕ! И потоа ја изгубив работата и сега три години сам градам медиум од ништо без никому да должам ништо! Ти ми го исплука сајтот и повика никој да не ми плаќа за да ме чита?

Зошто? Треба ли да се срамам што земам пари додека ги гледам моите читатели во очи и им оставам сами да проценат дали вреди да ме читаат или ти што земаш од парите на ДПМНЕ-вскиот олигарх, кумашинот на Мијалков, Камчев, притоа пишувајќи кротко за кретенските проекти на Коце за Скопје. Што е подостоинствено? Да им понудиш на читателите искреност и храброст до јаја и за тоа тие да проценат дали ќе платат, или да работиш во медиум кој живее од владини реклами и криминалите на газдата олигарх, притоа да пишуваш тоа што не го мислиш?

Така што, Јоци, тие плакети со кои се фалиш, знаеш каде можеш да си ги начукаш, нели?!

П.С. Ако нешто најмногу сум презирал, тоа се новинари кои тужат новинари. Тоа е толку бедно. Јас досега не сум тужел ниту еден новинар, а еднаш се заканив со Сител затоа што ми измислија изјава за Шеќеринска и ја читаа среде вести. И тука можеби и имаше основа за тужба затоа што силината на вестите на Сител е неспоредлива со мојата реакција на интернет портал. Но заканата на Јоци дека ќе ме тужи е бедна, затоа што прво, таа може сето тоа да го негира многу лесно или во Дневник или на својот многу голем и влијателен фб профил. А исто така беден момент во приказната е што таа совршено добро знае дека сум без ебен денар, па тужбата против мене е како клоцање мртов Германец. Ете толку е бедна Јоци, што нема ташак да го тужи Миленко кој секој ден ја навредува на најдолно ниво, но ќе ме тужи мене затоа што споредив нејзини фб статуси со нејзините бедни стории во Дневник каде нема ни К од критика за власта на ДПМНЕ на кое било ниво!

П.П.С. Веќе една година се тужам со Ивона и Латас и тие двајцата заедно од мене бараат околу 2 милиона денари. Па повели, приклучи се во клубот, таму и ти е местото тебе суштински! Исто срање си, само малку поперфидно...

Извор: Мактел, 10.12.14.
Слика: Свирачиња