1004 hPa
94 %
14 °C
Скопје - Вто, 23.04.2024 19:59
Колку и да се вешти и талентирани аниматорите на Дизни и Браќата Ворнер, дури и тие не можат да ги нацртаат нивните експресивни ликови „од никаде“. Како и другите професионални аниматори, често користеле огледала, кои им помагале преку сопствениот одраз да се претворат во модели за анимираните ликови, особено за да ги нацртаат соодветно муртењата, кикотењата и разните искривувања и гримаси.
Глетката на овие легендарни професионалци од 1950-тите и од подоцнежните години кои седат на своите работни маси и зјапаат во себе ќе ве воодушеви, но ќе разбуди и насмевка на вашето лице.
Извор: Life