Цензура е кога не можеме да кажеме „ало“

13.12.2014 17:26
Цензура е кога не можеме да кажеме „ало“

„Кога вистината е заменета со тишина, тишината е лага.“ — Евгениј Ефтуштенко

 

На 10.12.2014 година, за време на вториот студентски марш во Скопје, во определен период немаше мобилни мрежи.

Во неговото известување Т-Мобиле инсистира дека имало техничка грешка, што секако влијаело и на функционирањето на другите оператори. Од друга страна, многумина се посомневаа дека станува збор за намерен прекин како последица на притисок или барање на Владата на РМ. Но, причините поради немаше мобилни мрежи во моментов се помалку важни.

Тоа што е важно е дека како последица на прекинот во Македонија за време на студентски протест се случи цензура. Цензурата по дефиниција е потиснување на говор или друга форма на комуникација. Нема ништо повеќе, нема ништо помалку.

Секој обид да се објаснува дека прекинот бил мал или незначаен е обид за маскирање на вистината. Дури и прекин од една минута што ме спречува да им се јавам на пријателите и да им кажам „Дојдете, сите се тука.“ е потиснување на комуникациите. Секоја неможност да ја остварам комуникацијата предизвикува загриженост и страв.

Поинакво објаснување не е можно.

Извор: medium.com/@therealpsmst
Слика: Luis Quiles