Поетични кучиња

15.12.14 11:24

Италијанскиот фотограф Ден Банино направи серија фотографии на кои на хумористичен начин ја прикажува сличноста помеѓу некои од славните книжевници и поети и напуштените кучиња во азилите.

Банино исто така има куче – го нашол Ротко во азил за кучиња пред една година и вели дека токму миленикот го инспирирал да им „подари глас“ на неговите другари од азилот. Серијата фотографии ја нарекол „Поетични кучиња“.

„Повеќето од овие кучиња се изгладнети, болни и осамени, но повторно им ја даваат својата љубов на луѓето кои ќе ги сретнат, на ист начин на кој повеќето од овие сјајни уметници го правеле тоа за време на својот живот, оставајќи ни во наследство вредна оставштина“, вели уметникот.

Извор: Boredpanda

Слични содржини

Фотографија / Око
Активизам / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Око
Фотографија / Книжевност / Око
Фотографија / Книжевност / Око
Фотографија / Наука / Око

ОкоБоли главаВицФото