Дами

16.12.14 14:21

Американската уметница Ребека Шето живее и работи во Сан Франциско и во фокусот на нејзиното творештво се четките - но, помалку како алатки, а повеќе како материјал од кој ги изработува своите уметнички дела.

Врвовите од дршките на четките ги преобликува внимателно како женски ликови, а влакната ги заменуваат раскошните фустани на дамите насликани од ренесансните мајстори.

„Овие дела си играат со поимот на убавината и вредноста. Користам скромни, дотраени, масовно произведени материјали инспирирани од моето искуство со декоративното боење“, вели Шето.

Извор: rebeccaszeto.com

ОкоБоли главаВицФото