Марш на црвените чадори

18.12.14 12:24

Првиот колектив на сексуални работници СТАР-СТАР од Скопје, по седми пат се приклучи кон глобалната акција за солидарност кон сексуалните работници и организираше МАРШ НА ЦРВЕНИТЕ ЧАДОРИ.

Иницијативата за овој ден доаѓа од Д-р Ени Спринкл (сексуална работничка) по извршениот масакр врз сексуални работници во Грин Ривер. Откако бил фатен сторителот на масакрот таа изјавила: „Имаме потреба од итна акција. Да се потсетиме сите ние на моите сестри - курви, кои умреле толку ужасно и непотребно. Ние нема да престанеме да маршираме додека нашите сестри курви не се безбедни на улица, ниту дома”.

Црвениот чадор е глобален симбол на сексуалната работа. Црвената е боја на убавината, а чадорот штити од надворешни влијанија, лоши клиенти, макроа...

Фотографии: Ванчо Џамбаски

ОкоБоли главаВицФото