Трендо промотор на Дежуловиќ?! Тоа е како на промоција на книга на Евреин што преживеал холокауст модератор да биде лидерот на Златна Зора!

20.12.2014 12:38
Трендо промотор на Дежуловиќ?! Тоа е како на промоција на книга на Евреин што преживеал холокауст модератор да биде лидерот на Златна Зора!

Овие од ЕУ инфо центарот се навистина невидени генијалци! На промоцијата на книгата на славниот новинар Борис Дежуловиќ го поканиле Сашо Мацановски Трендо да биде модератор на пресот?! Па добро, ова е виц или стварност?! Зошто не некој од Фокус, зошто не некој од Слободен печат, зошто не некој од избрканите новинари поради критицизмот кон Груевски, зошто промотор да биде Трендо, таа бедна скапана опортунистичка пичкетина?!

Па разбирате ли која е оваа невидена перверзија?! Тоа е како на промоција на книга на некој Евреин кој преживеал холокауст да го викнете како модератор лидерот на Златна Зора од Грција! Па, имал ли Трендо тужба од Сашо Мијалков или Грујо или кој било министер за клевета или навреда?! НЕ! Зошто?! Затоа што го боли кур за тоа што се случува во земјава! Тој на сите нас кои се бориме со режимот ни се смее дека сме биле многу гласни и демоде, он бил кул и фин фраер, така требало како него, да се молчи и да се гледа немо како државата тоне по сите мерила и во сите сектори...

Знам дека сопругот на Тања Каракамишева е шеф за комуникации на ЕУ инфо центарот и тој ги прави овие лудории со Трендо. Само пред неколку дена Трендо на офф.нет објави дека ЕУ има план да нè уништи како народ. А сега е модератор во ЕУ инфо центарот. И тоа на тема новинарство и промовира книга на човекот кој 20 години со својата храброст е пример за тоа што е одговорен и храбар новинар во балканската луда реалност. ТОТАЛЕН ОПОЗИТ НА ОНА ШТО Е ТРЕНДО, КОГО 8 ГОДИНИ НИКАДЕ ГО НЕМА!

Многу ми се интересни овие луѓе како Трендо и како Јанко Бурек. Јанко пред неколку дена на Сител во сред вести се чудеше како некој се осмелил да го нарече хомофоб и ширач на говор на омраза?! Сега Трендо се валка во аурата на Дежуловиќ небаре меѓу него и Борис има знак на равенство, а не тотален опозит. Неверојатни се битангиве! Хиени кои сакаат да се прикажат како газели. Неверојатна карактерна расипаност до неподносливост!

Мактел, 18.12.2014.
Слика: Свирачиња