Архитортура

06.02.2010 23:21
kolja-arhitortura-u.jpg

Дали некој го помни легендарниот водач на Туркменистан, Сапармурат Нијазов, кој почина пред три години?! Ќе потсетиме, зашто во нагласено карикатурална форма политичките и културните визии на Нијазов мошне наликуваат на карикатуралното сфаќање на културниот идентитет кое го промивираат актуелните македонски водачи. На пример, Нијазов фанатично бил убеден дека на Туркменистан му е потребен нов и силен национален идентитет. И затоа тргнал да ја преуреди државата според своите визии. Го преименувал градот Красноводск, на брегот на Каспиското море, во Туркменбаша, според себеси. Преименуваше неколку школи, аеродроми, дури и еден метеорит - според себе и според членовите на најтесното семејство. Статуите на Нијазов и на неговата мајка присутни се низ целата земја, вклучувајќи го и средиштето на пустината Каракорум, како и позлатената статуа на врвот на најголемата зграда во Ашкабад, која се ротира, така што лицето секогаш да е свртено кон сонцето и да фрла одблесок врз престолнината.

Во главниот град на Туркменистан изгради вештачка река од неколку километри; освен улиците со неговото име, сите други улици во градот биле означувани со броеви. Успеа да им ги смени имињата на месеците во годината, а некои ги нарече според себеси и според својата мајка. За време на емитувањето на ТВ програмата во аголот на екранот се вртел позлатениот лик на Нијазов набутан во медаљон од сонце.
Сепак, главната љубов на Нијазов биле спектакуларните споменици; во своето родно село Кипчак тој изградил меморијален комплекс во спомен на својата мајка; во рамките на комплексот се наоѓа џамија вредна сто милиони долари.

***

Замислата за црква, џамија и 22-метарски споменик на Александар на скопскиот плоштад - е кикс-идеја. Произлегува од територијалните кретензии (т.е. сељоберската страст да се завладее со градот на начин да се униформира неговата различност) на нашата гелиптерска владаечка елита која има потреба на голема историска врата да го промовира своето празилук-чувство за спектаклук.

Секојдневно, и лагалистички и нелагалистички (ко што велеше големиот лагалист Милошевиќ), и процедурално и непроцедурално, и мирно и со тепање (ако треба), и елегадно и интелигадно, таа гуланферска дружина ни го промовира политичкиот концепт наречен: архитортура. Тој концепт ем ги промовира револуционерните курајберски сфаќања за урбанизмот и архитектурата, ем отвора простор за нови плодни цивилизациски вкрстувања во паскокузмановскиот вокабулар познати како: гробализација.*
Храмарината (т.е. храметот, наметот за амбициозните храмови на шалабајзерската дружина која владее со Македонија на сличен начин на којшто Туркменбаша владееше со Туркменистан) ќе ја платиме сите комплет, се разбира, не само скопјаните (кои ќе ја имаат таа нездрава привилегија да живеат со ротирачките споменици на глупоста).

***

Ги формиравме ГЕМ и „Плоштад Слобода“ зашто не сакаме нијазовски карикатури да ни ги обликуваат градот и стварноста според она што самите тие го гледаат во своите бајковиди огледала. Ќе се бориме против паскокузманизацијата и груевизацијата на Скопје, ако треба - и низ референдум. Анкетите покажуваат дека 70 проценти од граѓаните не ги сакаат Тројанските коњи на власта среде сопствениот плоштад. Се разбира дека сме охрабрени со поддршката од граѓаните, но ќе се боревме и да беше обратно! Имаме право на сопствениот град. Имаме право на јавен простор. Имаме право да го кажеме својот збор.

Плоштадот „Македонија“ не се пар наследени семејни хектари од нивата на Никола Груевски. Па, нели тој владееше во дослух со мислењето на народот?! А ваму, за евидентно граѓански и градски проблеми - проширување улици, узурпирање на јавни простори итн. - народот не е битен! Битно е дека на водачот му се сонила црква. Комплет со џамијата и со 22-метарскиот Александар.
Е па, да видиме на референдум колку стварно на скопјани им се битни пропагандните халуцинации на малите македонски реплики (набутани едни во други како Матрјошки) на Сапармурат Нијазов.

*Еве извадоци од тајната преродба во сто чекори, кајшто се објаснува поимот „гробализација“:
Дрвото е застарена работа. Нашиот фокус треба да биде дупката. Ради тоа нашиот концепт за преродба на Македонија го нарекуваме гробализација. Нашиот слоган може да биде: „Кајшто празно место има ти дупка посади“. Со таа максима праиме супер национална клима: никој не може да не’ расштима! Нема зима за нас, има само археолошко-идентитетска плима од артефакти што се прелеваат низ дупките (ко со копач ко ќе се здроби канализациска цевка, сликовито да објасниме).
И друга максима иаме: „Секоја македонска дупка е родољупка!“ А ако ни речат дека нашата власт (вметнал: М. Протуѓер) повеќе наликува на среброљупка и себељупка отколку на родољупка, вака треба да одговориме: дупката е наша корупка, дупката е наша пупка! (тупкаме со ноџињата по почвата, нервозни, коа неаме дупки под нас!); опасно не’ копка што има доле, па макар и да е клопка!
Е сеа (вметнал: В. Ѓорчев), коа трчаш по топка (у дупка) има и сопка, нормално, од СДСМ, од транзиционине богаташи, а богами и од петоколонашките соросоиди; ама вака треба да одговориме: дупката е комплексно поле, со дропки се решава, плус коа возиш пат цел со дупки и препки (ебате сурушоидите, па ќе речам) не мож од тепка да донесуеме заклучоци, или секоја будала да чепка по дупки (Паско, на пример, има специјална археолошка четка); во тој случај, целава работа може да ни се изврти (т.е. заспинуе) во цепки. Затоа, вака треба да одговориме итн.

(текстот е објавен во „Утрински весник“ на 11.08.09.)

поврзан текст:
http://www.okno.mk/node/1922
 

Odma se javuva nekoj

Odma se javuva nekoj "Ace" :-)))) 

Но  сепак  има   два  типа  

Но  сепак  има   два  типа   на   големи  водачи ... Едните   се  прозападно   орјентирани  другите  се   непрозападно  орјентирани .
За   прозападно  орејнтирани  тирани  и  лудаци   би  го  спомнал  Саакашвили   кој   со  цел  памет  тргна  во  војна  против  Русија  , и  потепа  во  еден  ден  2000  луѓе  на   спиење . Овој   од  Туркенистан  може  му  дише   главата  , ама   бар   не  потепује  2000  луѓе  на   спиење .
Друг  прозападен  диктатор  е  на  примен  Хосни  Мубарак  од  Египет . Мислам  дека   и  он  упорно  копа   и  му  го  менува   Арапскиот  идентитет  на  Египет . Кој  му  дал  дозвола   незнам , во  Египет   службен  јазик  е  Арапски , мнозинството  се  муслимани  со  Арапски  корени  а  овој  бара  Фараони ... 30  години  на  власт  .... На  избори  победува   со  98 %   гласови ...
Трет   е  Мушараф   но  поради  ситуацијата  во  Пакистан  ке  го  преќутам . Подобро  тој  него  бившите   американски сојузници  од  Афганистан ...
Устувари  што  е  побитно ... Побитно  е   тоа   кој  се  се  јавува   како   сојузник  на   бригадирите . Тоа   се   бившите  УЧКи  кои  мислат   дека  имаат  право  на   вето  на   се  кај   Македонците ...
По    војната   2001   беа  демобилизирани  околу   40000  македонски  военоспособни   граѓани  кои   добро  се  сеќаваат   кој  на   која  страна  беше . Нив   им  се  добропознато   архибригадирите  и   УЧКите   и   што  им   е  целта . 
Војната   2001   година    донесе   една  добра   работа , а  тоа   е  што   ја   потикна   свеста   кај   Македонските   граѓани   свеста   за   самите   себе .  Таа   створи     имунитет   во  граѓанството   од  невладини   од  типот  на  архибригадирите . Македонскиот   граѓанин   повеке  не   прашува   за  што  се  залагаат  , туку  прашува  КОЈ  ГИ  ПЛАЌА ... 
Од    пропагандистички  аспект  многу  лошо   организирана  кампања  . Пензионери  во  комбинација   со  натрипани   и  лошо  ишишани , надрогирани   и  фарбани    омладинци, плус  УЧКи  ... 
Све  на   све   на  Груевски  му   иде  во  прилог .
 
 
 

Жал ми е Даме што таа

Жал ми е Даме што таа прикаска не проаѓа веќе. Немој да мислиш дека народот е слеп при очи. Груевски целосно го потценува народот и тоа ќе му се тресне од глава на следните избори кои ќе бидат многу скоро. Жал ми е само што не гледам сериозна партија што би можела колку-толку да ги нормализира состојбите.
И сакам да испратам едно многу сериозно предупредување до сите граѓани. Да не дозволиме Груевски и Ахмети да створат етнички тензии и не дај Боже судири и да си ги креваат рејтинзите пред избори, играјќи на националистичка карта, а ние да си ги вадиме очите меѓу себе. Само крајно неодговорни недоквакани пилиштарци се способни да поттикнуваат меѓуетничка омраза за да останат на власт.

Види  за  да  има 

Види  за  да  има  меѓуетнички  судири   има   еден  битен  предуслов ... многу  битен ...  а  тој   е ...
НЕ    Е   БИТНО  ДАЛИ  АХМЕТИ  САКА  МЕЃУЕТНИЧКИ  СУДИРИ , НЕГО  БИТНО  МИ  Е  ДАЛИ  ЗА  ТАА  НЕГОВА   ИДЕЈА  ИМА  ПОДРШКА  ОД  ЗАПАДОТ .
БЕЗ  НИВНА  ДОЗВОЛА АХМЕТИ НЕ РАБОТИ  НИШТО ...
ЗНАЧИ  ЈАС НЕ ГО ПЕРЦИПИРАМ КАКО  ОПАСНОСТ АХМЕТИ  СЕ  ДОДЕКА  ЗАД  НЕГОВИТЕ  ИДЕИ  НЕ  ЗАСТАНАТ  ЗАПАДНИТЕ ФАКТОРИ .
Со  еден  збор  мене  опасност    реално  не  ми  се   Албанците  него , Западњаците . Без  нивна   подршка   Албанците  се  помалку    опасни  од  мојата   покојна  баба .

  Ги формиравме ГЕМ и

 
Ги формиравме ГЕМ и „Плоштад Слобода“, ги формиравме ААА,
ЦЦЦ, БЦЦ, ќе ги формираме и МЕГ и ЕМГ, ќе формираме здружение на хонорарци и здружение на фраери што добиле грантови, ќе формираме...
ќе организираме
 Спонтан собир против проектот Скопје 2014
а после спонтаниот собир ќе организираме спонтан коктел, потоа спонтано ќе формираме и повторно спонтано ќе се собираме...

stav

 @dame pred da treskash gluposti, informiraj se! Arhibrigada ne e nevladina organizacija tuku neformalno zdruzenie na studenti od arhitektonski fakultet i mladi arhitekti. eve kako se pretstavuvaat na nivniot blog http://pab.blog.mk/

"First Archi Brigade, informal group of students of architecture and young architects who share the same ideas, generated from the need to express our opinions – both the positive and the negative – regarding already existing and yet planned architectural and urban works in our city. We were formed guided by the inclination to take a proactive role in the designing of the architectural reality of today, which, as the future generation of architects in Macedonia, will become our architectural heritage."

inache ako te interesira koj gi plaka, eve ja ke ti kazam...za protestot 28.03.2009 poznat kako "Prvo arhitektonsko vostanie" (koj bese organiziran protiv lokacijata za crkva, a ne protiv crkvata- kako shto prenesoa nekoi mediumi) sobiraa po 100 denari od chlenovite-studentite za da kupat 50 hameri (sho koshtaat po 20 denari) i dva-tri spreja za da napraat transparenti "Ne go siluvajte Skopje". Drugite akcii im se nasocheni kon entuzijastichko pishuvanje na blogovi i iskazuvanje na svojot stav u javnosta. Nikogash nemaat zemano nitu denar od bilo kakvi fondacii i nikogash ne bile u dopir so bilo kakvi politichki partii, ili ne daj boze UCK. i eve eden mal kuriozitet za na kraj, kerkata na Latas, koja studira arhitektura, prisustvuvashe na protestot na 28mi, od stranata na Arhi-brigada.
pozdrav do tebe 

Види  по  начинот  на  кој 

Види  по  начинот  на  кој  дејствувате , може  да  се  забележи  дека  некои   од  вас  прошле  низ  невладини  работилници   под патронат   на  некого . Можеби  не   сите  , но  грото   од  бригадирите  ни  се  добро  познати , посебно   од  блогови . Јебига   но  тоа  е  тоа .  Медиумите  ненамерно   ја   изместија   темата  од   архитектура  на  тоа  кој  стои  зад  протестот ... контрапротестот  си  заврши  работа  ...
Спин докторите на  ВМРО   одлично   си  ја  завршија  работата , сега   трошите   време  да  докажувате   дека   не  работите   по  директива   Владе Милчин - Бранко Црвенковски ...
Треба   во  работилниците   да  бидете   поинвентивни , јебига   после   20   години  транзиција , пробувате   да    дигнете   омладина  на  која   не  и  дошло   до   избор  на   архитектонско решение ( ..  свеедно   им  е  ... курто , мурто , ваков  газда ,  таков  газда , ме  здоболе  дали  ке  биде   црква   или   трговски ... )
Погледнете  ја  другата   страна , оваа  младина  е  толку  измрцварена  што   побрзо  би  тргнала  по   поп , него  по  искомплексирани   типови  и  типки  на  кои  им  смета   архитектурното  уредување  и  урбаната нечистотија ...
Како  и  да   е   лошо  ви  иде  тоа   е  факт . А  и  се  слуша  дека  Заев  ке   му  прави  пуч  на  Бранко ... Во  ист   момент  кога  протестиравте   извади  план  за  новиот   плоштад  во Струмица ... Некако   не  ми  изгледа  случајно ... 
 
 

Skopje

Има и пострашно а со нив возможно. Никола Велики наместо Александар на сред плоштад и Коце наместо  Гоце пред Камен мост ама со коцка во раката. И немојте гласно зашто стварно ќе пристапат кон предложеново решение. Ох, мори мајко моја...

Даме, да не заборавиме во

Даме, да не заборавиме во мигов е многу важно и што сакаат Грујо, Протоѓер и браќата Мијалкови, за другите помалку или повеќе.

Убав џез, драги мој Коља,

Убав џез, драги мој Коља, ретко во овие краишта да најдеш џезер чиј инструмент се зборови... Фино за увертира.
Но, мислам дека поприкладна лента со која би требало да заврши оваа бурлеска е некаков си марш. Сиктер марш. :) 

Даме, сосема се согласувам со

Даме, сосема се согласувам со тебе дека лошо ни оди, на сите нас кои му се спротиставуваме на лудачкото владеење на Груевски и неговото ВМРО. Но, ти го пишувам коментаров (а не заслужуваш човек да ти пишува, ама ај, ионака во земјава сите више-мање праиме залудни работи), за да обрнам внимание на поважната работа: на сите многу лошо ни оди. На целата земја, на сите граѓани, вклучувајќи ги тука и во моментов опиените или само исплашени за своите грабнати позииции вмровци... Каква е таа партија?! Кои се тие паметни спин-доктори, Даме?! Размисли малку! Најврвните човечки ресурси на ВМРО (ко кај шаховските екипи, ајде тоа така да го поставиме, 6 сениори, две жени, двајца младинци) не би можеле да водат ни најзаостаната општина во некоја поцивилизирана земја! Би изгубиле десет нула од менаџмент од било која компанија со над 500 вработени во ЕУ! Толку е безвредно нивото на ВМРО! Гледај ги, Даме, само четирите симболички најмоќни позиции во Македонија: Иванов, Груевски, Вељановски и Коце Трајановски. На што ти личи тоа?! На екипа која води сериозна земја?! На луѓе со некаков капацитет, визија и стратегија?! Греота се, Даме! Предизвикуваат сожалување! Базди до небо комплекс на инфериорност! Примитивци кои се зачипчиле за позициите и не давам бре мое си е!
Точно е: СДСМ е беда, невладиниот сектор во земјава беда, јавноста поданичка и сеирџиска, новинарите најчесто уценети, корумпирани, непрофесионални... Но ВМРО?! Кој може да третира сериозно партија кајшто еден бескрајно (културно, воспитно, политички, психолошки) ограничен боксер-статист е алфа и омега (експерт за сите можни гранки во Македонија, пред кој на колена паѓаат целите тешки експертски тимови на вмро, а и други)?! ВМРО наликуваат на банда која тероризира некоја вукојебина. Нивни е шерифот, судијата, крчмарот, гробарот, џелатот итн. - ама што збори тоа за бандата?! Дека имаат многу способни спин-доктори?!
А единствениот (додуше, стварно доста валиден) аргумент на разбојнициве, кој ете ти, Даме, го шириш (заедно со многуте стаорски платеници низ дувлата) е дека сево друго е за курац! Од СДСМ преку НВО до медиуми! И тоа е тој циркуларен разбојнички круг: си им застанал на сите на врат, ги понижуваш ко стока (им дааш бесплатен превоз еднаш неделно, на пример) и притоа им викаш дека се поданичка багра која и не заслужува друго! Тоа е ВМРО! (само - ова морам тебе посебно да ти го објаснам, Даме, оти познат си по слабото копчање - не ти кажува вмровецот буквално: „Стока си!“, туку ти зима, на пример, пет милиона евра за јарболи и ти кажуе: ако писнеш предавник си! Или ти зима десет миљона за леење на Аце, осум стаа у џеп или у партиска каса - стара вмровска традиција - и ти вика, ако писнеш, дека си комуњара што нема чувство за идентитет. Ете тоа - а тоа се случува на секој јебан чекор, од здравство до театар - цело време ти го праи вмровецот: ти вика „Стока си! И не заслужуваш ништо подобро од мене!“
Отприлика, Даме, и ти тоа ни го кажуваш. Дојдовте во таква фаза на владеење (а тоа просто е правило, слично владееше и СДСМ) кога веќе апсолутно не постои начин позитивно да се прикаже невидениот идиотизам и брутализам на власта. Останува само да се бамбори дека и сите други во земјава се идиоти (а голем доказ дека се идиоти е владењето на идиотите - тоа е магепсаниот круг).
Затоа е важно да му се спротиставуваме на идиотизмот и на понижувањето. Мали, сме, слаби сме?! Двајца без тројца?! Ако. Бар не сакаме да не’ понижуваат, бар одбиваме да бидеме стока.

Коља незнам што се пиздиш.

Коља незнам што се пиздиш. :)
Тоа е карактеристика на секоја нова демократија. Каква раја, таква власт. :)
Треба време да се исшлифа аристократија или пожелно (а тешко) меритократија.

Уствари, ко ќе размислам,

Уствари, ко ќе размислам, вистинската мера на ДПМНЕ баш е фирмата „Аналитико АИ“. Тоа е и мерата на длабочината на политичката мизерија на Македонија. Некој белосветски шапшал (третокласен преварант) од типот на Атила Сендреи, директорот на Телекомот, и’ џитка пиксла од 120 иљади евра на јакава ни фирма, нашта вековна гордост. „На ви! Да си купите нешто! Да си набавите спин-доктори итн.“ И така почнува големата историска преродбеничка приказна... Каков јак мит во темелите, а?! (се’ поврзано со древност, традиција, идентитет итн.)
А ја па со години мислев, пред да ни се случи овој величествен преродбенички пресврт, дека СДСМ е дно дна коа им срка од дланка на тие одвратни мафиози од Телекомот...
Имало и бетер! Да шиткаш сим картички под името „Влада на РМ“! Абе, луѓе! Живееме во халуцинација! Какво ВМРО, каков идентитет, какви бакрачи! Со Македонија владее Аналитико АИ!

Ми дојде страшна реализација

Ми дојде страшна реализација на ум.
НВО-ата и нашите т.н. „водачи“ - овчари, се најголемата странска инвестиција во Македонија. :) :(

Во право се индијциве,

Во право се индијциве, историјата се тркала.

Денес НВО, во турско егзархиски училишта.
 

Се мислам, има ли Самопочит

Се мислам, има ли Самопочит кај луѓето, за да си дозволат да не бидат заслепени од овие бесмислени намери на владата? Има ли Проста и Здрава Граѓанска Свест кај нас, свест која би не’ натерала НАВРЕМЕ да дејствуваме за овој „проект“, Скопје 2014, ДА НЕ СЕ ОСТВАРИ?
Јас ја почитувам традицијата, го почитувам другиот, се почитувам себе си. Гледам дека ова не е убаво. Но можно ли е свеста и Културата кај нас да се на толку ниско ниво, па не можеме да се разбудиме, сами да разбереме дека ОВА НЕ Е ВО РЕД?

Од една страна ние сме една

Од една страна ние сме една мала, сиромашна земја и обидите да се претставиме како центар на светот се смешни и патетични. Единствени туристи кои ќе ги привлече новиот изглед на плоштадот може да бидат социолози кои ќе не истражуваат како појава. Во ваква мала паланечка средина полесно се владее и полесно се става се’ под контрола. Ама, од друга страна не можеме да направиме големи срања на меѓународно ниво. Ќе видат странците дека овој Грујо скроз забегал, дека и нив им се курчи и дека не игра како што му свират и ќе го тргнат. Нема он потенцијали да биде Хитлер.
Туку друго ми беше муабетот, слаб е СДСМ, слаб е невладиниот сектор на соросоидите, затоа сите се у ДПМНЕ. Пред некој ден гледам Јован Донев, Ѓорге Иванов, Паско Кузман, Бранислав Саркањац све ти биле ’сурушлии‘, саде грчки платеници у ДПМНЕто, а па пола влада да ти била порано во СДС. Всушност, комуњариве излегоа ептен ербап, ги држават и власта и опозицијата во исто време. И после ќе кажеш повеќепартиски систем.
Шала на страна, страшното е што отпадот од кај комуњарите сега е со Грујо, а полека тие ВМРОвци што не беа толку забегани фаќаат џаде.
А за проектов, само да се надеваме дека ќе немаат пари и дека у меѓувреме ќе паднат од власт, бидејќи тешко дека со протести и критики ќе им го смениме мислењето. прво, проектот не може да биде подложен на рационална критика, зашто не е дел од рационалниот дискурс, таа калакурница од плоштад е сама негација на разумот, а второ и во наци- Германија интелектуалците не се покажале како силна опозиција на режимот, зашто кај нас да е поинаку. Ајнштајн рекол дека дури однесувањето на интелектуалците во Германија било посрамно од однесувањето на толпите. Кога Хајдегер застанал зад Хитлер, зашто мислите дека Саркањац, или било кој ќе се одрече од Грујо.

Единствено вредно што се лее

Единствено вредно што се лее во овој проект се парите, од тука во некој офшор калуп :)  
Што знае народ што се двесте милиони евра. 

А бе битно да се гради, шо

А бе битно да се гради, шо има  везе:)))

ОкоБоли главаВицФото