Возот Ќирчо

20.12.14 17:12

Ова бесценето видео е краток документарен филм од 1972 година, кога возот „Ќирчо“ сеуште сообраќал до Охрид. Филмот е посветен на еден кондуктер, Петар Михајловски од Охрид, за неговиот живот, предизвици и вредностите на времето во кое живеел. И секако, нераскинливата врска на човекот од овие краеви со малото чајниче кое значело многу во тоа време.

Вистинската вредност е што многумина од нас, макар на видео, ќе го видат првпат „Ќирчо“ во акција низ кривулестата пруга. Многу сцени наликуваат на вестерн филм. Ќе видите и сцени кои одамна не можат да се видат во овие краишта, а биле вообичаени сè до пред четиресетина години во Дебарца и Охрид.

За „Ќирчо“ нема кој не зборува како за човек. Има некоја неодолива харизма во тоа „чајниче“.

Извор: kicevo.mk

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото