Претседателот е чипиран идиот!

22.12.2014 17:43
Претседателот е чипиран идиот!

Тешко е да се разбере логиката на претседателот на руската влада, кога тој бара од украинската власт да воспостави нормален живот на окупираната територија!

Многу луцидна забелешка на Јуриј Гонарчук, амбасадор на Украина во Скопјанг!
Јас верувам дека нашата слатка татковина не е без удел во инспирациите на Неговата екселенција: ние сме, имено, окупирана територија на која окупаторот бара од луѓето да воспостават нормален живот во совршен склад со ненормалните норми, феномени и процеси што ги диктира тој како врвна ненормална инстанца, односно како врвна инстанца на ненормалноста!

Земете го, да речеме, говорот на таканаречениот претседател во таканареченото собрание и реакциите на тоа чипизборство! Тој го критикуваше отсуството на опозицијата од парламентот, но бидејќи одби да го критикува неодамнешното исфрлање на инакумислечките од овој „дом на демократијата“, човек може да помисли дека на претседателот му недостига материјал за исфрлање, како форма на дијалог, се разбира, а може да помисли и дека со евентуалното враќање на опозицијата сака да го заштити интегритетот на власта и својот интегритет од искушението мнозинството да почне да се исфрла самото себе, ако оценат дека за рејтингот на Фамилијата би било убаво во овие предновогодишни и предбожиќни времиња да му приредат спектакл на народот, со катапултирани пратеници завиткани во светлечки жици и лампиони! Како во некои епизоди на „Том и Џери“! Во масакрираниот Парк на жената би можеле да организираат и новогодишна наградна игра: кој кого ќе шутне и кој народен претставник најдалеку ќе одлета, а оној што ќе погоди дека Лилето Поповска и Солза Грчева ќе се исшутираат самите себе, ќе добие бинго - шестмесечен мандат за неограничено глупирање во Центарот за исфрлање и бесмисла! И ручек со Груевски на Брод, без фекални бактерии!

Така, сакам да кажам, може да говори само некој што постои само врз основа на електромагнетски процеси, не на биохемиски! Не се заебавам! Мислам, да се апстрахираш од фактот дека таканаречената опозиција не те признава и дека делот од власта кој има претензии да претставува една третина од населението не те признава, да се апстрахираш од фактот дека голем дел од општеството те смета за тешка будала и дека се срами од тебе бидејќи идентификациската база ви се судрува во Македонија и да си дозволиш пред една мала група узурпатори на институциите и на државата како таква, да говориш за дијалог и да ги пласираш обединувачките теми за НАТО и ЕУ, темите што секоја секунда ги разоруваш систематски и во континуитет од толку многу години, значи дека според мерилата на нас луѓето, ти не си оттука, бе! Ти си бесчувствително чудовиште, ти си чипиран идиот, ти си претставник на чипираната антицивилизација, не наш!

Гледајќи ги тие слики од реновираната зграда, со новите куполи за врска со Господ, јас си реков: човеку, па Македонија сѐ уште не е мафиотска држава, зашто да беше мафиотска држава, некоја банда ќе направеше завчера нешто против најголемата банда собрана на фамилијарна процесија на која на малото кумче му се падна да ја тестира глупоста на луѓето!

„За нас е важно дека претседателот Иванов го надминува тој праг на политичкото соперништво, се поставува како вистински државник и дејствува како претседател на сите граѓани на Македонија.“

Уф, јеботе, бог те драги јебо, јели то могуќе!

Па нели е подобро, драг господине Гонарчук, Русин да те окупира, отколку вмро да ти онанира и да те шприца вака?!

Милошоски мисли така за писмениот состав на најпознатиот валандовски калинк!
Ја забележувате ли, господине Гонарчук, македонската форма на окупација и инсистирањето на окупаторот сите ние да бидеме нормални! А како, драг господине амбасадоре, човек може да остане нормален, како да не побара некој руски тенк да се појави откај Деве Баир, да го згази и да го ослободи од ризикот да слуша вакви работи! Иванов го надминал прагот на соперништвото и станал обединувачка, беспоговорна инстанца, државник?! Можеби, всушност, да, оти со него соперништвото како политичка категорија, навистина не е можно.

Очигледно дека Милошоски одбрал да му биде пресадена само коса на ќелавиот дел од главата, макар што постоела опција со косата, за некој денар повеќе, да му се имплантираат и специјални разградливи нано капсули со мозочни неврони! Тој човек ми има лик на есес штурбанфирер, има, мислам, таква смрзната поза на дистанциран офицер кој им објаснува на логорашите колку не е здраво да се дебелат и колку ќе им биде подобро ако се тушираат!

***

Јас сум голем поборник на законот за таканаречената задолжница! Не ми е јасно зошто сите околу мене се против! Со тоа што јас барам да се воведе и политичка задолжница односно финансиско покритие за политичките месијанства. Да речеме, оној што ќе вети 100.000 работни места, ќе мора да издаде задолжница на износ од една милијарда евра; ако некоја партија каже дека ќе нѐ внесе во НАТО, ќе мора да издаде задолжница во износ на финансискиот еквивалент на тој проект, ако каже дека ќе ни го врати достоинството, на пример со лавови и други животни, мора да даде гаранции дека ако не се почувствуваме подостоинствено во првите сто дена од неговата влада, ќе мора да плати соодветен износ што не може да биде помал од износот на претрпената штета која, во овој случај, не би била голема оти ние и немаме достоинство под кое би можела да нѐ однесе која било партија!

***

Не знам како ќе се одвива отпорот на хонорарците, на сексуалните работници, на стечајците, на транспортните работници, на средношколците, на новинарите, на актерите, на лекарите и медицинскиот персонал, на земјоделците и пензионерите и на сета друга преостаната нормалност во Македонија, но не ја исклучувам можноста дека ќе ги следат ориентирите што јас им ги предлагам на студентите и ќе партиципираат со сета љубопитност, страст и енергија:

1. Штрајк на универзитетот!

2. Окупација на универзитетот и прогласување слободна универзитетска зона за одбрана на автономијата од политичките интервенции на власта!

3. Масовно испишување (ако претходните мерки не дадат резултати); земете си една година за уживање и политичка демонстрација во едно, фатете работа на некој шанк, обидете се да продадете некоја сексуална услуга, ограбете ја најбогатата будала од сите богати вмровски чипирани будали и појдете на опуштање во Бад Тацмансдорф, па летоска на море на Мали Лошињ, Заливот Чикат го препорачувам!

4. Прогласете дека ѝ го одземате легитимитетот на владата и на таканареченото собрание и дека од тој момент ги сметате тие умислени лудаци за курвини синови, скотови, за акционерско друштво апашанатско, за смртоносен вирус што ги напаѓа општеството и душите и егзистенциите, перспективите на луѓето!

5. Дефинирајте ја вашата цел како цел за ослободување на општеството и на себеси!

6. Урнете го нивниот систем!

7. Формирајте тело што ќе изготви Портокалова книга за сите пљачки и општи деструкции и ќе ја насочува акцијата за враќање на тоа што им е украдено или уништено на вашите родители и на вас и за правно гонење на криминалците!

8. Повикајте ги сите да ви се приклучат како јадро на сенародниот отпор!

9. Не барајте избори туку уставотворно собрание!

10. Барајте реконституција на Македонија!

11. Внимавајте стоката да не успее да се прошверцува во тоа и во кое било релевантно тело!

Пругата Белград - Будимпешта (200км/час) значително ќе ја олесни преселбата на Србите во нивната митска Хипербореа, а ако се спушти до Македонија и удолу до Атина, ќе дојде како брз и конфорен спас за преостанатите Македонци меѓу кои сѐ уште има нормални примероци!

Слики: Свирачиња
Извор: Слободен печат