Главолом шампионите за 2014!

05.01.2015 12:51
Главолом шампионите за 2014!

Главолом шампиони на Окно за 2014 се веќе искусните и тешко надминливи блесиметри: Јанко Илковски Јадибурек, Ацо Станковски и Аљоша Симјановски. Нивниот успех е дотолку поголем што е остварен во конкуренција на тешки и прекалени шампиони какви што се Ѓорге Иванов, Никола Груевски, Илија Димовски, Драган Павловиќ Латас итн. Од многуте антолиски глупости на троецот на подиумот издвоивме три:

Сега седам, пребирам по чувствата и ги преслушувам носталгиите кои навираат неправедно на ваков прекрасен ден

Во дневната ја извадив од обвивка Травијата, опера која никогаш не сум ја слушал освен во сегменти, а камо ли да и се посветам онака, аудиофилски...

Ја ставив плочата на грамофонот, го уклучив засилувачот и го преклопив на директен звук, без никакви додатоци и мешања, потполно чист...

Ја ислушав Травијата и скоро ме насолзи, небаре сум некој мафијашки кум потресен од операта како нивно највозвишено духовност во културата, но стварно беше прекрасно а нема што носталгично да ме врзе со тоа ... едноставно – убавина. Мојот запоставен музички систем преку две децении со импресивен хај фај звук ме стопи како медуза на сонце... Потоа Оксижен на Жан Мишел Жар, Камелеонот на Херби Хенкок со Хедхантерс... и ги одложив, морав да ги одложам сите обврски ... ова не можев да го пропуштам

Сега седам .. пребирам по чувствата и ги преслушувам носталгиите кои навираат неправедно на ваков прекрасен ден. Децата се на школо, они го живеат својот квадрил а јас уживам во звуците и сликите на градот од мојот балкон, над обалкот на Анамската Рака кои ми се мешаат со ехото од музиката која ми се повторува во главата, ариите, мелодиите ... Толку е спокојно се наоколу, кога се некако доаѓа на место, особено во главата па оди долу ... до плексусот...

Ако веќе можам да бирам денес ми е убав ден да заминам, засекогаш, вака, во еквилибриум со се и со секој ... спокој во кој тонеш и лебдиш, со мисла и молитва, со звуци и бои ...

...при тебе Господи.

Јанко Илковски; Jadiburek.com, 23.05.14.

Јасен избор

Денес изборот на електоратот во Република Македонија е едноставен и јасен. Ова секако не се должи на перфекцијата на курентните владетели, кај кои по добро спроведена анализа ќе видиме безброј неспретности, недоследности, корупција, глупост, суета, незнаење, ригидност, простотилак, некултура, популизам, лош вкус, лукративност, политиканство, авторитаризам, непотизам, провинцијализам и несвесност за современите општествено-политички текови, како и сомнителни демократски капацитети при водењето на нивните политики, но компаративно, такви какви што се, разликите се колосални и неспоредливи. Тоа се разликите кои ги гледаме помеѓу човекот и животните.

Ацо Станковски; Република, 7.02.2014.

Во вистинското оро прв пат во историјата

Ние Македонците можеби, според сценариото, изгледа сме во вистинското оро, за прв пат во историјата. Иако и денес има една група локални журналисти „запаленковци“ кои мислат спротивно и негодуваат. А ја знаете онаа дебармаалска - облечи костум, врзи вратоврска и фати се во вистинското оро, со големите, како што тоа низ историјата го прават нашите соседи, Бугарите и Албанците. Свесни дека се мали, секогаш одбираат да се во оро со посилните. Доаѓаат Германци, Италијанци, во поново време Кинези, Американци, тие секогаш се уортачуваат со дојденците. За око не личи, но е многу практично. Според некој нареден „Викиликс“, вака од филмска визура и интуиција, сите овие големи трошоци околу спомениците, градбите, материјалните паметници, некој (не знаеме кој, но според сето наведено може да се претпостави) континуирано го дополнува нашиот платен биланс, нè ослободи правовремено од визните ограничувања... во Овчарани веќе освен инструментални изведби на македонски песни, може да се пее на глас, солунското пристаниште се продава.

Аљоша Симјановски; Утрински весник, 14.04.14.

Специјалната награда за најглупава споредба Окно годинава ѝ ја доделува на Радмила Шекеринска:

Поддржувачите СДСМ по аферата Актор нема да смеат да минуваат по коридорот 10?

Ставот на СДСМ е кристално јасен и непроменет: Скопје 2014 година е проект на безумно трошење и неверојатна корупција. Уште во 2011, во програмата го напишавме тоа и појаснивме: „Некои од објектите кои имаат функционална и општествена оправданост ќе ги доизградиме и пуштиме во употреба (објектот на Македонската филхармонија и Стариот театар)“. Како што гледате, ниту еден наш став не сме промениле, па дури ни со посета на јубилеј на една странска фирма. Не знам зошто тогаш тоа било оправдано, а сега е „давање легитимитет“. Зарем мислите дека е логично тогаш да кажеме дека ќе ги „доизградиме и пуштиме во употреба“, за да потоа веќе во нив не влегуваме? Или дека поддржувачите СДСМ по аферата Актор нема да смеат да минуваат по коридорот 10?

Радмила Шекеринска; Фактор, 19.10.14.

Еве и мал избор на бисерите од рубриката „Боли глава“ во 2014:

Мудрост

Од проектите со Кина има корист на краток, среден и на долг рок.

Никола Груевски; Фокус, 19.12.14.

Хомосексуалците во другите земји никогаш не влегуваат во конфликт со нормалниот народ

Хомосексуалците во другите земји се популарни, ама они никогаш не влегуваат во конфликт со стрејт. Никогаш не влегуваат во конфликт со религијата, никогаш не влегуваат во конфликт со нормалниот, обичниот народ.

Јанко Илковски, Република ТВ, 17.12.2014.

Кој ученик или студент сака да го загрее столчето?

Во секој случај останува клучната дилема знаат ли, всушност, за што протестираат студентите? Оние што ги подбуцнуваат знаат, ама тоа што тие го знаат нема врска со образованието. Друга е приказната што тие во својата шема настојуваат да злоупотребат нешто што можеше да се сфати како незрел, ама сепак младешки бунт против учењето. Впрочем, кој ученик или студент сака да го загрее столчето? Ама ова е изгледа единствена држава каде од бедни мотиви тоа чувство кај младите се потхранува со цел да се искористи во политичка агенда. Колку е тоа срамно вреди да се кажува.

Дарко Јаневски, Дневник, 10.12.2014.

Македонците се првите староседелци на Балканот

Се обидувам во оваа книга да го фатам континуитетот на она што значи постојано живеење на еден народ на оваа почва. Оваа книга во суштина покажува дека Македонците никогаш не се отселиле, туку се првите староседелци на овој полуостров. Првите населби, првите куќи во Европа, се подигнати овде и тој континуитет на изразот кој е направен во неолитот, во смисла на архитектонско творештво, во смисла на урбано-просторно планирање, се случува токму овде. Ние сме само корисници на таа древна култура и цивилизација.

Вангел Божиновски; Вечер, 24.10.14.

Фала му на провидението за Скопје 2014!

Ако на времето, кога се појавија рекламните спотови за проектот „Скопје 2014“ и бев донекаде скептичен (пред сè, поради огромната магнитуда на содржини и речиси нестварната амбициозност на инволвираните творци), денес, кога овој проект е речиси довршен, конечно ја осознавам моќната визија, верба и доблест на таа благословена група фантазери и подвижници, што со целата своја душа и љубов влегоа во овој, по сè, застрашувачки ризик. И за ова Господ да ги благослови и да им даде сила за уште поголеми и посјајни работни победи.

Ацо Станковски; Република, 24.10.2014.

Времето работи за Путин

Временските, климатските промени кои се предвидливи и мерливи, покажуваат дека во воздухот се создава голема влажност. Последиците од тоа се големи океански бранови кои од просечните неколку метри, сега се издигаат со просек над десетина метри, и наскоро дваесетметарските бранови ќе бидат редовна појава во океанските бури. Со ова, трговијата со бродови преку океаните станува ризична и скапа. А САД, без трговија преку море, се сериозно загрозена економија.

Најголемата воена предност на САД е нивната морнарица. Дали е потребно да се спомнува колку нејзината мобилност е ограничена со новите климатски промени... Тие ќе мора да бараат нови, големи поморски воени бази, во далеку поголем број од сега, а тоа се нови пари кои САД веќе ги нема. Па, ако не може со пари, ќе мора со сила. А тоа се нови војни и нови дестабилизации на влади и држави кои ќе бидат цел на тие намери.

Драган Павловиќ Латас; Вечер, 12.10.14.

Младите остануваат во Македонија поради стабилната економија

Нашиот економски успех придонесува младите да останат во Македонија, а нашите најуспешни поединци живеат во Македонија, а работат за светскиот пазар.

Ѓорге Иванов; Плусинфо, 23.09.14.

Никој на толку културен и цивилизиран начин не го освоил светот

Никаде не е пронајден доказ дека бил геј. Тој бил толку свесен човек, и знаел дека дури ни животните не општат меѓу себе на таков начин. Бил за сите природни закони. Никаде не е запишано дека бил хомосексуалец. Ако го правел тоа не би се женел и не би имал деца со Роксана. Постојат милиони докази дека бил нормален човек. Во царството пријателите на царот биле први. Тие се генерали и од мали деца биле една дружина. Тоа се злоупотребува. Ако правел нешто, ќе правел со некој на пониско ниво од него, не со генералите. Тоа се шпекулации, некој да издејствува понижување на Александар и на неговите подвизи, зашто освен него, никој на толку културен и цивилизиран начин не го освоил светот.

Ниче Димовски; Плусинфо, 18.09.14.

Секој објект има еднакво право да се менува, или да не се менува

Кај многу високообразувани лица, го гледам противењето да се прифати демократскиот концепт дека – секој објект има еднакво право да се менува, или да не се менува.

Жарко Чаушевски, помошник-архитект на СК014 (се знае кој е главниот архитект); Фактор, 05.09.14.

Сè што се пoдготвува со проектот „Скопје 2014“ е подготовка за обелоденување на гробницата на Александар

Сè си има време на раѓање и време на умирање, време на плачење и време на смеење. Барем да бевме во НАТО, ќе кажев, сега не е моментот. Има причина што не се обелоденува каде е гробот. Сè што се пoдготвува со проектот „Скопје 2014“ е подготовка за обелоденување на гробницата, за да го донесе тој сјај и да се види дека гробницата е тука, во Македонија.

Ниче Димовски, Плусинфо, 13.08.14.

Ако се сомневаш во институциите, пожали се кај институциите

Оној кој се сомнева во каква било дејност или активности на одредена институција може тоа преку инситуционален пат да го оствари.

Ѓорге Иванов; Нова Македонија, 10.07.14.

Тито е реинкарнација на Александар Македонски

Всушност, земајќи ја предвид тибетанската концепција на есхатологијата и метапсихозата, недвојбено би посочил, дека Јосип Броз Тито е реинкарнација на Александар Македонски. Има безброј индиции што го сугерираат ова. Од неговиот класичен лик, до неговата неспоредлива интелигенција. И двете инкарнации се чеда на Балканот, и двата карактера ја користеа својата стратешка генијалност во интегративни цели. И двајцата ја сакаа мултикултурата, за која сметаа дека збогатува. И двајцата имаа дар на луда храброст, но и невиден талент низ симулирана деструктивност да постигнат големи воени или идеолошки победи (сетете се на Гордиевиот јазол, чие деструирање, всушност, беше отстранување на пречката на евроазиското поврзување или, пак, на рушењето на мостот на Неретва, при кое Тито ја доби најдоблесната битка во историјата на војувањето – битката за ранетите).

Ацо Станковски; Република, 02.06.14.

Огромен проекат кој не можеш да го зауставиш

Кога ќе погледате каква е тоа работа што треба да се обави и какви сè чуда треба да се направи, на човека косата му се дига од главата.

Љубисав Иванов Ѕинго ја опишува новата програма на владата; Сител / Плусинфо, 20.04.14.

Илјадниците години нѐ учат дека пастирот ќе победи, и покрај лагите и клеветите!

Овие денови, во предвечерието на Велигден ќе чуете многу клевети врз Никола Груевски. Многу лаги, многу наместени, многу монтирани работи. Многу отровни стрели ќе има врз Никола Груевски. Но, драги браќа и сестри, драги сограѓани, лагите и клеветите во предвечерието на Велигден не се ништо ново. Тоа е работа што трае со илјадници години, но Велигден нѐ учи, Велигден нѐ поучува дека победува вистината, победува доблеста. Победува исправноста. Во Македонија ќе победат ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, Никола Груевски и Ѓорге Иванов.

Влатко Ѓорчев; Фокус, 18.04.14.

Глупавиот и поглупавиот

Ги разбира луѓето затоа што самиот е дел од нив, еден од граѓаните.

Влатко Ѓорчев, за Ѓорге Иванов; Дневник, 04.04.14.

Три принципи

Тие што не ме знаат, знаат дека имам три принципи.

Ѓорге Иванов; Либертас, 30.03.14.

Казахстан - ја знаете по хемија!

Нивниот претседател вели – Ја знаете по хемија, сте го учеле Менделеевиот периодичен систем? Нема елемент во тој периодичен систем кој го нема на територијата на Казахстан.

Ѓорге Иванов, во интервју на Сител 3, во емисијата „Јади бурек“; А1 он, 27.03.14.

Екстериторијален АПСТРАКТЕН АНТИМАКЕДОНСКИ НИХИЛИЗАМ

Потонати во мрачни изгубени (идеолошки) илузии, тие континуирано го палат фенот божем да спасат што може да се спаси и онака полни со сомнеж, недостоинство и омраза за сопствениот народ и држава протажираат и хранат особен вид екстериторијален АПСТРАКТЕН АНТИМАКЕДОНСКИ НИХИЛИЗАМ. Нека им служи на чест.

Аљоша Симјановски; Утрински весник, 09.03.14.

Од боксер до премиер

Дете, биди прво боксер, па фудбалер, па премиер!

Никола Груевски, во емисијата „Опуштено“ на МТВ; Мактел, 03.01.14.


АСПИРИНИТЕ ЗА 2014: Ивановски и Тричковски

 

САШЕ ИВАНОВСКИ

 

Тони Михајловски спроти ветерот?!

Он бил спроти ветрот, кој ебен ветар бре пицајзло една паразитска, улизи-шмуковиќ што би рекол оној волот од Атланта Хоукс... Одличен актер, но гомно човек, тоа не е реткост во светот, квалитетот во професијата не значи и квалитетен човек кој знае да расудува за општествени теми...

Ај што е паразит на Грујо па и се курчи бе бил спроти ветерот, па ти си спроти ветерот во анусот на Грујо бе, спроти прдежот на Грујо си ти, тоа е тој ветер со кој ти се бориш секој ден паразиту еден беден...

Коментар на насловот на интервјуто со Тони Михајловски во ТЕА Модерна („Спроти ветерот“); Мактел, 05.11.2014.

Што ли се случува зад кулисите во македонската политика?

Кога ја правевме автобиографската книга "Тоа сум јас" со Љубчо Георгиевски, во една прилика се шокирав кога на врата од неговиот кабинет се сретнав со Орце Камчев кој излегуваше од кај него. Никако не можев да си објаснам себеси што бара кај Љубчо човекот кој поседува пола од медиумите во државаа и ја прави ренде опозицијата, човекот кој во ерата на Груевски стана газда на речиси пола Македонија, човекот кој безмалку 24/7 е во друштво на Сашо Мијалков за кој вели дека се пријатели од детство. Истиот Камчев беше виден и на прославата на Бобо Дајнерс со Радмила и Заев?! И сега какви прашања овде човек да си постави себеси?! Со чии пари Камчев гради империја, дали се тоа парите на Љубчо кој овој под закрила на власта ги врти и враќа во легален тек?! Зошто Љубчо молчеше за аферата со Нини и процесот против Заев кога Македонска Банка е проект на Љубчо Геориевски, дали преку Орце Камчев, Љубчо е во договор со Груевски и не е кривично гонет иако гради хотели и поседува милиони а цел живот бил на јавни функции и богатството не го наследил или заработил, дали Камчев пак преку Љубчи и преку Бобо Дајнерс си ја купува слободата за да кога ќе дојде на власт СДСМ раководена од Заев и Радмила го остават на раат и не го апсат како што тоа го правеше Бранко пред 10 години?! Што ли се случува само зад кулисите во македонската политика, какви ли само тоа перверзија се одвива делеку од очите на македонскиот народ?!

Мактел, 04.10.14.

Ќе те чекав пред министерство и ќе ти ги ископав очите со прсти, со нокти!

Ало министре, јас да бев еден од десетте илјади дијабетичари кои поради тебе останаа без својата инсулинска терапија и се плашат за својот живот, ќе те чекав пред министерство и ќе ти ги ископав очите со прсти, со нокти, мамето у пичка ќе ти го ебев барабо една имбецилна простачка неодговорна кретенска!

Да загрозиш 10000 животи да си играш со нив како со бели експериментални глувци, тоа е врв на една идиотска несериозност стоко една глупава шарлатанска!

Мактел, 19.09.14.

Братислав Димитров по јавното дудлање си доби државна награда од пола милион денари!

Каква е само тоа беда и перверзија! Брацо напишал драма и од 50 кандидати добил прва награда во театарот во Велес и за тоа добил парична награда од фантастични пола милион денари!!!

Сега е јасно неговото лигавење и фалење на политиките на Груевски. Тој во Миленко Шоу лани се отепа од лигавење а на премиерот му постави прашање зошто младите не си легнувале порано туку скитале по кафиќи. Од сите можни проблеми во државата, Брацо се фати како климактерична тетка за младите зошто се забавувале до доцна во ноќта. Тоа е интелектуалац, јебеш му матер...

Мактел, 12.09.14.

Аман бе Грујчо, ти нели се возиш со пунто, нели живееш со мамичка, нели џемперчиња носиш, палиш свеќа за Велигден и Божиќ?

Ајдееее, пастирот договара милиони евра у кеш со мафијози балкански, папапапапапа.... Аман бе Грујчо, ти нели се возиш со пунто, нели живееш со мамичка, нели џемперчиња носиш, палиш свеќа за Велигден и Божиќ? Нели си вредно поштено мирно патриотче кое работи 24/7 за државата? Аууу, брат како те фатија, жив еј, жив гол те уловија како сереш у јагодите...

Мактел, 17.04.14.

Елегантно да се полие со бензин и целосно да изгори, од доле до горе, да стане ќумур црна!

А тогаш, кога ќе дојде денот за наплата, прва која ќе гори дефинитивно ќе биде зградата на МТВ, онаа малата зграда долепена до големата (која е целата издадена и МРТВ не ја користи). Таа зграда ќе мора да се запали во блиска иднина како начин и процес на смената на режимот на Груевски. Се чини таа зграда ќе мора да ја доживее судбината на зградата на РТС на Милошевиќ од 1999-та. Тогаш таа зграда беше пробушена со две американски томахавк ракети и со години зјаеше така со две дупки во дијаметар од 5 метра кои се гледаа од секоја страна на Беград. Оваа нашава на МТВ ќе мора ние самите да ја запалиме, чисто како начин за промена на оваа диктаторска власт. Секако треба да се пази притоа никој да не настрада, ќе мора да се чека секој да се евакуира и потоа педантно и елегантно да се полие со бензин и целосно да изгори, од доле до горе, да стане ќумур црна. Тоа ќе биде цената на нашата слобода. Таа зграда со се опремата во неа ќе го јаде стапот. Сите тие плазми, кранови и чуда ќе одат у пичку матер!

Мактел, 12.02.14.


БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

 

Убиството на медиумскиот кловн!

Во "Гоуст Дог" на Џим Џармуш, Форест Витекер ја започнува ликвидацијата на бандата што му ги уби гулабите, со фасцинантното убиство на едно мафиотско говно кое во мојот сон се јави во форма на медиумски кловн, главен координатор во екипата на шителизираните идиоти, велеидиот маскиран во уредник, коментатор, некаков, немам поим, умислен курац или курац кој мисли дека мисли, така некако. Вака одеше целата приказна:

Скришно влегов во просторијата под шминкерницата на говњарската телевизија. Од порано знаев дека пред таканаречените вести стоката сака да остане сам во таа просторијата и пред огледалото да проверува дали сите гомна што треба да ги истресе во домовите на хистеризираните граѓани му се во устата. Го затнав вентилот од водоводната цевка и почнав колку што можам потивко да го одвртувам одводот под неговото лавабо. Со десната рака од левиот внатрешен џеб на мантилот го извадив огромниот "Смит и Весон" СД 9 со ласерски нишан и со врвот на придушувачот ја тргнав во лево одводната цевка! На тој начин воспоставив визуелен контакт со салонот во кој се дотеруваат човеколиките фаворити на премиерот. Стоката престана да свирка. Почувствува дека нешто не е в ред. Недостигот на вода во славината, тоа го знам од искуство, создава чудна и напрегната тишина. Полека почна да ја наведнува главата за да види што му шушка. Во еден момент низ точкастиот филтер на одводот неговите очи ја здогледаа црвената трага на ласерот. Во таа милисекунда тој знаеше дека долу сум јас. Фацата му се изобличи како на натпреварувачите во трките на сто метри во забавените снимки на финишите! Го повлеков чкрапалото и видов како деветката го погодува точно меѓу очите, меко, како кога ги пукаме пластичните топчиња од амбалажите на новите производи!

Тој истрел ме разбуди. Го пуштив телевизорот за да проверам дали сè беше само сон. Добро, сон, сон, ама каков сон. Потоа решив да ја споделам со јавноста оваа приказна затоа што таа ќе предизвикува неконтролирано празнење, таканаречено посерување на велеидиотот секогаш кога ќе снема вода во чешмите на говњарската телевизија!

Фејсбук, 07.12.14.

Ние од кои сме: од византискиот геј, од ќоравите војници на Македонија или од бугарскиот лудак што си го миел усраниот газ во езерото

Никогаш не се оженил, немал фамилија. Во Цариград, во неговиот дворец се гледале убави момчиња како влегуваат во неговите приватни одаи. Кога е убиен неговиот љубовник, тогаш кај него се јавува оваа жестокост и ги ослепува војниците, секако, ова не е единствена причина.“

Антонио Митриќевски, режисер, зборува за Василиј (Втори) во неговиот филм „Цар Самоил“; „Василиј ги ослепел Самоиловите војници оти бил геј“, Вест, 26.11.2014.

Сега, мене ме интересира, ние од кои сме: од византискиот геј, од ќоравите војници на Македонија или од бугарскиот лудак што си го миел усраниот газ во езерото додека неговите војници правеле гердани од своите очи за непријателот. Да речеме, Никола на кого ве влече повеќе, на Васета или на Зејтинот Сам, кај народот би требало да имаме помалку дилеми со оглед на општото слепило, единствено што не знам, сто отсто не знам, тоа е од кого влече корени Хорхе: човекот не е слеп, а не гледа, не е геј, а газот му е растурен скроз на скроз, не е бугарски цар, а никогаш нема да умре од никаква мака!

Фејсбук, 27.11.14.

Проститутката што го сакаше својот Џек!

Фрлив еден поглед врз шареното деснолево-па-во-центар друштво што беше дошло да ги продаде своите букети за малку престиж и пари, тука пред споменикот на основачите на вмро и пред младите луѓе кои со помош на бронза во паштетите или на некој курс на “Конрад Аденауер” се претвораат во безживотни гардисти што не може да ги возбуди ниту Гордана Јанкуловска ако реши да им се прошета во најпредизвикувачката комбинација на ” Викторија сикрет” и стигнав, од казанот на таа глупава церемонија, да црпнам троа цврсти основи за мојата основна импресија на Денот на револуционерна борба на македонскиот народ за неслобода: Македонија е проститутка која не престанува да си го сака својот Џек Трбосек дури и по 121 убод!

Па ми текна да ги извадам парите со кои на времето ме корумпираа Црвенковски и Колемишевски и да ги вложам тие дваесетина милиони евра во еден филмски проект кој би можел да се вика ” Проститутката што го сакаше својот Џек”! Филмот во жанрот гомно би го режирал конзорциумот Манчевски- Попов-Митриќевски, а Љубиша Георгиевски би бил надрежисерот кој со својата режисерска палка би го чепкал говното пред секоја проекција!

Фејсбук, 23.10.14.

Глиста која тврди дека септичката јама не само што не смрди туку дека мириса на пролетното будење на природата

Мислам дека Панде Колемишевски има доживеано мозочен удар, или наутро не си ги плакне забите туку го голта колгејтот, или по бричење се мачка со крем што е збогатен со осиромашен ураниум. Тој не беше нормален во однос на времето ниту во „Нова Македонија“, но за да се „онормали“ во оваа време на ненормалната ненормалност, мора да му се случило нешто страшно! Но, кога таа лична драма се пренесува во јавна дебата за општите работи, тогаш тој се јавува во улогата на глиста која тврди дека септичката јама не само што не смрди туку дека мириса на пролетното будење на природата од парфемите на „Хермес“!

Мактел, 18.03.2014

Нема помирување, Трајко!

Додека го одглавував копчето на далечинскиот управувач, бев принуден да слушнам две-три реченици од Трајкота Вељановски: да се помириме оти Македонија била нашата единствена партија, плус нешто околу квалитетната, така ми се чу, политичка понуда, рече!

Уф, јеботе драги бог да те јебо, си реков, па човеков зборува како да не е еден од шефовите на Организацијата која според темелното преуредување на општествениот простор најмногу потсетува на Боко Харам и на ИСИС! Неговиот апел е апел на еболата да се помири со човекот, на атомската бомба да се помири со Хирошима и со Нагасаки, на Брејвик да се помири со родителите на младинците што ги испотепа на Утоја!

Нема помирување, диар Трајко! Без да платите за сите апокалиптични културни и материјални разорувања на Македонија и за душевните болки на милиони луѓе! А и потоа! Никогаш нема да се помириме со вашата одвратност! И немојте да се лигавите со Македонија, немојте да нè уценувате нас и светот со Македонија: ако се случи Македонија да пропадне зашто не може да поднесе една ваква непомирливост со група чипирани идиоти и бандити, една, значи, длабока катарза - тогаш и треба да пропадне!

Фејсбук, 08.09.14.

Слики: Свирачиња

Досегашните шампиони:

2013
2012
2011
2010
2009

ОкоБоли главаВицФото