Најдобрите „надреалистички“ вицови во 2014

07.01.2015 17:36
Најдобрите „надреалистички“ вицови во 2014

Горила, пес, човек и пушка

Човек попладнето се вратил дома и, изненаден, во градината затекнал горила качен на дрво. Човекот веднаш им телефонирал на дежурните во Зоолошката градина и тие набрзо му пратиле специјалист за лов на горили. Специјалистот стигнал со куче, голема мрежа и пушка. На домаќинот му ги дал мрежата и пушката, објаснувајќи дека самиот ќе се качи на дрвото и ќе ги затресе гранките: горилата ќе падне од дрвото и тогаш ќе скокне песот дресиран во такви случаи да го зграпчи горилата за најосетливиот дел од неговата анатомија - и тогаш треба уште само да се префрли мрежата врз онеспособениот горила.
Кога веќе се качил до половина од стеблото, специјалистот за лов на горили се сетил на нешто па се спуштил наземи:
-Заборавив да ви кажам, чуму пушката. Држете ја спремна, па ако случајно јас паднам од дрвото... бидете љубезен, веднаш застрелајте го песот!

Кршење на сите прозорци

Лудак доаѓа пред лекарска комисија со барање да го пуштат од душевната болница. Му ветуваат дека ќе го пуштат ако само на едно прашање разумно одговори. Значи, главниот психијатар прашува:
-Што најпрвин би направиле ако ве пуштиме одовде?
-Би земал чатал - спонтано одговара лудакот - и би ги скршил сите прозорци на зградава!
Се разбира, го вратиле во ќелијата.
По шест месеци, истиот пациент одново бара да го пуштат. Психијатарот пак го прашува:
-Што најпрвин би направиле ако ве пуштиме одовде?
-Е, прво би купил нов костум! - вели лудакот.
-А потоа?
-Потоа ќе се најдам со една плавуша што ја знам!
-И што ќе правите после?
-Би ја одвел во некој мотел!
-Фино, и тогаш?
-Тогаш би ја заклучал вратата, би ја ставил во постела, би ѝ ја завлекол раката под сукња, би ѝ го симнал појасот, би направил од него чатал, па би ги скршил сите прозорци на зградава!

Првиот дим, т.е. збор, во животот

-Мамо, еве имам ќебе - вели малиот Индијанец - а сега дај ми малку оган!
-Што ќе ти е?
-Идам на врвот на брдото, да го запалам првиот збор во животот!

Пилула

Породувањето било мошне тешко, бидејќи новороденчето цело време просто се гушело од смеење. Едвај акушерот успеал да го извлече на воздух; малку го лупнал по грбот и го протресол, а потоа забележал дека бебето тврдоглаво ја стиска дланката.
Со помош на бабицата лекарот најпосле го отворил рачето на детето кое не престанувало победоносно и некако итро да се смее.
Во дланчето нашол - пилула за контрацепција.

Фотосинтеза

Кактусот ѝ рекол на ружата:
-Те сакам!
А ружата одговорила:
-И јас тебе!
А кактусот рекол:
-Тогаш, да ја викнеме пчелата!
А ружата одговорила:
-Не можам. Имам фотосинтеза!

Грбавиот и дткачот на фотограф

Двајца пријатели, едниот што пелтечел и едниот што имал грба, доаѓаат на фотограф, заедно да се сликаат за спомен.
-Пази, само немој да дткаш додека нè сликаат - го предупредува грбавиот оној другиот - бидејќи фотката нема да биде остра.
-А т-т-ти - напомнал дткачот - у-у-ув-лечи ја м-м-ма-малку г-г-грб-грбата, и-и-и-на-инаку н-н-не-нема да м-м-може д-да се затвори а-а-албумот!

Зимогрижливиот и Свети Петар

Свети Петар прима новодојденец во рајот, но овој наскоро почнува да се жали дека тука му е ладно:
-Овде е фино и убаво, но многу ми е ладно! Уште на Земјата студот ми влезе во коски во она зградиштено... Пуштете ме, ве молам, во чистилиштето, белки таму ќе ми биде потопло...
-Добро, ако баш сакате - се согласил Свети Петар, и го пратил човекот во чистилиште. По неколку дена Петар отишол на посета:
-Како е? Веќе не ви е студено?
-Како не! Гледајте, постојано треперам! Кожата ми е цела наежена! Голема услуга ќе ми направите ако ме пратите во пеколот. Таму, изгледа, конечно ќе ми биде топло!
-Тоа ми е малку незгодно... - се колебал Свети Петар. -Но, ако толку инсистирате, нека ви биде!
И така, човекот стигнал во пеколот.
По неколку месеци, Свети Петар, кој често мислел на човекот, решил да го посети. Стигнал до вратата на пеколот, Луцифер почнал да отвора... и одеднаш се слушнал познатиот крик:
-Вратата, аман! Дува промаја!

Изгубен падобранец

Падобранец се спуштил во густа шума. Со часови се пробивал низ неа, но паднала и ноќ, а тој никако не успевал да воспостави контакт со цивилизација. Најпосле, сосема истоштен, забележал слаба жмиркава светлина. Тргнал кон неа и потчукнал на вратата од куќичката каде што стигнал:
-Кој е - се слушнал детски глас однатре.
-Кажи му на тато да ми отвори.
-Тато не е тука.
-Не е тука?
-Не е. Си замина кога дојде мама.
-Добро, тогаш кажи ѝ на мама да ме пушти.
-Ни таа не е овде. Си замина кога дојде дедо.
-Па тогаш тој нека ми отвори, речи му!
-Ни тој не е овде. Си замина кога дојде баба.
-Речи ѝ тогаш на баба да ми отвори!
-Но, ни баба ми не е овде. Си замина кога дојдов јас.
-Добога, зарем вашето семејство никогаш не е на куп?
-Во куќата, да. Ама ова е нужникот во нашиот двор.

Мајмун што мие опаш в чаша

Отмен ноќен локал. Придушена, разнобојна светлина, и пијанист кој дискретно свири. Влегува гостин, нарачува аперитив. Му го носат, но штом чашата се појавила пред него, од некој ќош искрснува мајмунче, брзо приоѓа до чашата, го влажни во неа своето опавче и исто толку брзо исчезнува.
„Види го, ти се молам“, си мисли гостинот. „Оригинално, баш. Кој би очекувал вакво нешто. Но, не треба да се расипува расположението...“
Се разбира, бидејќи пијалакот сега бил неупотреблив, гостинот нарачал втор аперитив. Мајмунчето веднаш пак дотрчало, брцнало со опашот во чашата и клиснало.
„Е, ова веќе не е смешно“, се лутел гостинот во себе. „Еднаш - ајде и некако, но два пати... Јас имам смисла за хумор, но ова... Ако тоа овде е обичај, можам да кажам дека баш и не ми се свиѓа...“
Сепак, се смирил некако и нарачал пијачка по трет пат. И - одново истата приказна: се појавил мајмунот, во магновение го измил опашот в чаша, и ајт на здравје бричење!
Овојпат гостинот сериозно се налутил. Отишол до пијанистот и го прашал:
-Ве молам, дали знаете за малиот мајмун што мие опаш в чаша?
-За жал, не знам, но ако ми ги исвиркате само првите неколку тактови, ќе се снајдам тоа да ви го отсвирам.

Човекот со крокодилот

Во биртија дошол човек со крокодил.
Газдата му рекол: „Нормален ли си ти, каде со крокодилот?“
Човекот одговорил: „Дресиран е, немај гајле“.
Газдата: „Остај ти тоа, кој на гостите ќе им објасни дека е дресиран?“
Човекот: „Еве гледај дека нема ништо да направи...“
Тогаш човекот ги соблекол панталоните, го извадил пенисот, му го ставил на крокодилот в уста, потоа почнал да го удира по главата, а крокодилот воопшто не реагирал.
Газдата: „Остај, кој ќе им докажува на гостите дека крокодилот е дресиран?“
Човекот: „Ако мене не ми верувате, дали некој од вас сака да го проба ова?“
Сите молчеле, но се јавила една плавуша: „Јас радо би пробала, само да не ме тепаш по глава!“

Врзаниот папагал

-Имам феноменален папагал - се фали домаќинот. -Запејува староградска песна штом ќе го повлечете за јаженцево што му е врзано за десната нога, а кога ќе го повлечете јаженцето врзано за левата нога, пее најнови хитови!
-А кога ќе ги повлечете обете јаженца едновремено? - прашува гостинот.
-Тогаш, се разбира - се раздрал папагалот - паѓам од летвичката, идиоте!

А барам ли јас од тебе да носиш јајца?

Баба купила папагалка и со денови се труди да ја научи да зборува, но без резултат. Сè додека едно утре птицата не збеснала:
-Да зборам! Да зборам! А барам ли јас од тебе да носиш јајца?

Гифови: un-gif-dans-ta-gueule

Слични содржини

Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура

ОкоБоли главаВицФото