1007 hPa
77 %
13 °C
Скопје - Чет, 25.04.2024 11:59
Религијата, таа средновековна форма на неразумност, кога е комбинирана со модерното оружје, станува вистинска закана за нашите слободи. Религиозниот тоталитаризам предизвика смртоносна мутација во срцето на исламот и ги гледаме трагичните последици денес во Париз.
Го поддржувам Шарли Ебдо, како што сите мораме, за да ја одбраниме уметноста на сатирата, која секогаш е сила за слободата и против тиранијата, нечесноста и глупавоста. „Почитта за религијата“ стана кодирана фраза која значи „страв од религијата“.
Религијата, како сите други идеи, заслужува критика, сатира, и да, нашето бестрашно непочитување.
Извор: The Wall Street Journal