Слобода за Кежо!

21.01.15 16:31

Новинари и граѓани на 20 јануари 2015 се собраа пред Апелациониот суд во Скопје на протест против пресудата од 2 години затвор за новинарот Томислав Кежаровски. Од судот, граѓаните со упатија кон Владата на Република Македонија. Со маски на лицата со ликот на Кежаровски и бели балони во рацете, присутните извикуваа „Сите сме Кежаровски“, „Нема правда нема мир“ и „Не ви го даваме“. Белите балони испишани со разни пораки од присутните, беа пуштени кон небото од пред зградата на Владата.

Само дваесетина минути пред почетокот на протестот, на истиот се приклучи Кежаровски, кој утрото беше ненајавено пуштен од затвор, за да ја отпочне затворската казна од 18 февруари 2015.

Сепак, новинарите порачаа дека единствено прифатливо е ослободувањето на нивниот колега бидејќи е невин, и дека борбата против цензурата не е битка само на Кежаровски, туку и на сите граѓани во земјата.

Фотографии: Ванчо Џамбаски

ОкоБоли главаВицФото