Да, Грујо, признавам, јас сум еден од тие кои те мразат од дното на душата!

26.01.2015 13:58
Да, Грујо, признавам, јас сум еден од тие кои те мразат од дното на душата!

Гледам дека нешто е табу да мразиш во Македонија. Сакањето е супер прифатено од општеството, а омразата (која е исто така човечко чувство) е сатанизирана и напаѓана со сите средства. Луѓето кај нас како да се срамат да мразат, па мразат групно, чекаат нешто да биде општествено прифатливо да се мрази и тогаш почнуваат да мразат сите заедно, омразата ја насочуваат кон оцрнети ликови кои се таргет на режимската пропаганда... Дури омразата се смета за неинтелектуална, знак на слабост и слично. Ванковска дури побрза да му каже на Грујо дека нема ништо против него, не го мрази, тоа можеби беше политички коректно да го каже или пак навистина не го мрази?

Не можам да ги разберам од што се направени тие кои не го мразат Грујо. Мислам дека дури е политички неопходна омразата кон него како реакција на сите негови зулуми. Таа омраза може да ја зачини политичката борба, да направи ентузијазмот и фајтотда се интензивираат и да станат позабавни и поефективни. Омразата е како Ред Бул, ти дава крила!

Мислам дека генерално омразата е сосема легитимно чувство. Се согласувам дека омразата е тежина, ја црпи позитивната енергија, крева притисок, предизвикува нелагодност, стрес, лошо расположение, но некогаш таа е неизбежна. Исто како што ми е лесно да го сакам многу моето бебе по истите механизми и неизбежност е лесно (дури и природно!) да го мразам Грујо. Мислам дека речиси не е можно да не го мразиш Грујота зашто е една навистина лигава, одвратна, гнасна, подла, злобна, опасна личност која е на таква моќна позиција и која толку многу ја злоупотребува што ја сјебува нашата сегашност и иднина, нè задолжува, крши устав и закони, ја разнебитува демократијата, врши цензура, одмаздувања, прогони, затвора, уништува човечки животи, се прави важен за цело тоа време, се курчи, бега од интервјуа од критички новинари, купува новинари, игра подло, гнасно, нефер, мами, лаже, краде преку братучедот и пријатели олигарси кои ја купуваат Македонија... Просто ако некој заслужил да биде мразен во оваа земја тоа е токму ова бедно диктаторче.

Мислам дека овој бандит би го мразела од дното на душата и Мајка Тереза да беше жива и да ѝ беше објаснето како стојат работите во Македонија. Грујо не само што би бил мразен туку и би бил ликвидиран од основачите на ВМРО, зашто таков однос кон слободата, кон парите на Македонците, кон државните интереси - е вистинско ПРЕДАВСТВО! Даме, Гоце и Јане би му ги скинале јајцата на овој шупак. А Шишков и Богдановски да знаат како сега Грујо затвора политички противници во името на ВМРО ДПМНЕ за кое тие гинеа и скапуваа по затвори - би го отепале со даска, и тоа барокна, откорната од тоа објектите од Скопје 2014!

Да, Грујо, признавам, јас сум еден од тие новинари кои те мразат од дното на душата! И точно е, те мразам од сабајле па до 12 часот на полноќ; после одмарам и се релаксирам до утредента. И така веќе 3 години. Значи, те мразам 18/7/365, дури и за Нова година и Божиќ! Точно е, признавам, те мразам од утро до доцна вечер, секој ебан ден, и се гордеам што те мразам! Мојата омраза кон тебе е моја инвестиција во подобрата иднина за Македонија! Така што, еби се, пизда ли ти материна диктаторска манипулативна преварантска кукавичка педерска!

Слики: Свирачиња
Извор: Мактел