Зошто мора да се сруши сè што е изградено во Скопје 2014?

27.01.2015 04:13
Зошто мора да се сруши сè што е изградено во Скопје 2014?

Затоа што психички здравите луѓе вообичаено не се гордеат и не сакаат во историјата да бидат запаметени по активностите заради кои биле исмевани, а Скопје 2014 изложи на потсмев цела една држава.

Затоа што психички здравите луѓе вообичаено не се гордеат и не сакаат да бидат потсетувани на моментите кога биле ограбени до кожа, измамени, излажани. А Скопје 2014 претставува една голема измама на која наседна еден цел народ.

Затоа што психички здравите луѓе вообичаено не се гордеат кога ќе ги потрошат парите на џинџуфи, а мора да одат по белиот свет и да мољакаат за корка леб.

Затоа што психички здравите луѓе вообичаено не се гордеат кога ги ставаат како марионети пред кулисите од стиропор и ги тераат да се колнат дека стиропорот е мермер.

Затоа што психички здравите луѓе вообичаено не се гордеат кога ќе ја прокоцкаат иднината на своите деца, кога ќе ја продадат сопствената држава за по 1 евро од квадратен метар и ќе дозволат да бидат продавани и самите на странците како евтина работна рака.

Заради ова Скопје 2014 мора да биде разрушено до темел и камен на камен да не остане. Тоа е дел од неопходното психичко ослободување од срамните пранги на хипнотичкиот делириум во кој ги втурна граѓаните оваа власт.

За да може да бидат изградени паркови и да биде создадена слободна и хумана заедница на слободномислечки луѓе со кренати глави.

Затоа што ни е потребна власт која ќе управува со државата во наш интерес, а не моќник кој нè експлоатира и нè цеди до последен денар, кој не нè ни гледа како луѓе туку како средство за остварување на сопствената благосостојба и кој едноставно се изживува над нас.

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слика: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото