Град Скопје ќе ја организира првата Гомнојада!

27.01.2015 11:54
Град Скопје ќе ја организира првата Гомнојада!

Скопје, 27 јануари 2015

Од одделот за комуникации со јавноста на Град Скопје се огласија со соопштение во кое се наведува дека градоначалникот Гомце Трајановски ќе ја организира првата Гомнојада на 15 февруари. На овој настан, кој ќе биде од огромно културно и историско значење, учество ќе земат повеќе политичари, уметници и бизнисмени, како и видни граѓани и граѓанки од Скопје. Најбрзите гомнојадци ќе освојат вредни награди, а победниците ќе бидат наградени со Златно, Сребрено и Бакарно гомно.

Настанот ќе биде свечено отворен од претседателот на Република Македонија, господинот негосподин Ѓорге Иванов, кој воедно и ќе им ги врачи наградите на среќните победници. На натпреварот за јадење гомна досега своето учество го најавиле над илјада лица, меѓу кои има и претставници на политичката, културната и деловната елита на државава.

Градоначалникот на Скопје нагласи дека гомната ќе бидат набавени од граѓаните на градот Скопје, а доколку интересот за учество на првата Гомнојада 2015 биде огромен, и останатите граѓани на Македонија ќе можат да ги донираат своите телесни екскременти за потребите на оваа манифестација. Главен спонзор на настанот ќе биде јавното претпријатие Водовод и канализација.

Премиерот Никола Груевски исто така ќе биде дел од ова случување, но тој нема да се натпреварува за најбрз гомнојадец туку ќе ја има честа да биде судија на натпреварот. Во изјавата за Македонската Радиокретенизија, премиерот рече дека ќе суди праведно и дека се надева оти ќе победи најдобриот и најбрзиот. Тој исто така додаде дека парите собрани од овој настан ќе бидат донирани во добротворни цели на неговата приватна банкарска сметка во една швајцарска банка.

За забавата на посетителите ќе се погрижат познати звезди од македонската естрада, а крајот на манифестацијата ќе биде одбележан со гомномет.

Слика: Свирачиња