Вагина која сере!

27.01.2015 13:32
Вагина која сере!

Кога анусот ќе го спојат со вагината, влезната партија на задоволствата и новите животи се претвора во канализација, а постоењето во ужас! Ставрески би рекол дека таквите операции се во интерес на граѓаните, но јас мислам дека тој не е човек што може да знае колку е убаво пенисот да ти го зашијат во чмарот и така спакуван и задоволен да те пуштат да мочаш и да го креваш џидипито!

Жената што имаше несреќа да ја легнат џектрбосеците на власта што ја претставуваат министерот на смртта и неговиот неопериран, шаткаст шеф, е жртва на умислените вмровски парадери, кои низ систематскиот масакр на нормалноста прават од луѓето пациенти, а од „рефомираните болници“ и од целото општество, претсмртни мачилници!

Истовремено, нејзината судбина е метафора што на феноменален начин ја отсликува Македонија како организам што на операционата маса на вемерето е произведен во монструм, во чудовиште со мозок инсталиран во газот, со желудник зашвајцуван под вратот (повраќа за да се храни), со слепо црево во черепот! Во страшно суштество што се раѓа само од родители што биле изложени на прекумерни дози политичка и ментална радијација! Се надевам дека несреќната жена ќе ја разбере мојата слобода да кажам дека целата држава, целото општество, сѐ во Македонија, е претворено во вагина која сере!

Што е ако не е таква, анусоидна вагина таканаречениот претседател на државата?! Што излачува во јавниот простор тоа чудовиште, алкални вагинални секрети или кисели и смрдливи празнења што се произведуваат во цревата на неговите политички инсталатери?! Не само околу законот за високото образование, туку околу сѐ?

На кој орган е споена вагината на Трајко Вељаноски и на неговиот центар за шутирање трудни опозиционерки, кога и луѓето од Зелено пазарче сѐ почесто се жалат на неподносливата смрдеа што се шири од куполите на „Дамјан Груев“!?

Каде, на каква дунда завршува дуоденумот на судијката Сајковска, на нејзината апелација, на Здружението на судиите, на Судскиот совет, на јавните обвинителства и на целиот антиправосуден систем измислен и инсталиран да биде палка со која лудото мисионерче ќе ја треска Македонија како безбол топче!?


Не ли ви се чини дека госпоѓицата Тања, лично и феноменално, е како вагина на која некој комитохирург со специјализација во Америка ѝ врзал некаков влакнест анус!

Каков несреќен спој на неспојливи органи се овие учители што штрајкуваат против штрајкот со кој се бараат поголеми плати!?

Не ли ви личи комплетниот медиумски сектор на власта на анус на кој Груевски му има залепено путка бадатка од која секојдневно излегуваат гомнестите рециклажи на разноразни бурекџилнички и слични медиумски продукти на нашите мирки, славните наши православни џихадистки груевистки!


За каков субјект ќе го сметате Македонецот ако разберете дека власта му го залепи големиот шупак на Александар Македонски на мекото словенско лице и го остави да се смее и да му се смеат, да се прчи како најголема будала!?

Или, малото шаткасто сувоземно чудовиште, ако на ректумот му залепите вагина во форма на украдена Бела куќа од стиропор! Мене тој самиот ми личи на анус врзан на вагината на Македонија!

Некој ќе треба да одговара за случајот „Кежаровски“, вели Трајанов, а некој за инсталацијата на режимот кој Кежаровски и другите жртви ги користи за да ни го објавува своето монструозно присуство, секој божји ден, велам јас! Пацика не е во првата категорија, но само на субјективно ниво зашто на ниво на таканаречената објективна одговорност тој мора да си го понесе својот дел од одговорноста и за инсталацијата на режимот и преку режимот, за Кежаровски. И тој и сите други, кои десет години му ги чешаат јајцата на Груевски, на неговите инсталации и на него како инсталација. Толку само пишкаше во тие подвизи што сега би требало да биде попристоен, повоздржан и посамозатаен, а не да скока од бродот што тоне во првиот чамец за спасување без да води сметка дека во инцестуозниот однос со власта и нему му се залепени многу органи; лицето, да речеме, му е на местото на газот! Зашто, Кежаровски е случај, но тој е таков специјален случај што се осмелувам да кажам дека нема во целина да може да се реши ако не се реши прашањето на режимот и на неговиот драматичен, главоломен пад! И од тој пат нема враќање!

Само Скопје 2014 ми се чини чисто некамуфлирано гомносерство, анус до кој ниту најостриот скалпел не може од запечени гомна да дојде и да залепи кој било друг орган!

За разлика од него, опозицијата ми личи не толку на дунда што е зашвајсувана за блискиот анус колку што ми личи на вагина што не сака да се онадуе односно како чудовиште кое е против својата суштина, против својата природа, како мазохистичка и мастурбаторска секс-бомба, која ужива во бесмисленото трошење на самата себе! Што е уште полошо, женската и натаму се прчи како да е нормална, го зафаќа просторот, ги дразни мераклиите во непрекинатите контакти со граѓаните, ја шири илузијата за себе и по тоа е поодвратна од вагина закачена на семафор, таа е како магла врзана за првата наплатна рампа! Како инсталација која врз општите работи има помало влијание од Велосипедскиот сојуз, за Филателистичката асоцијација на Македонија да не правиме муабет! Спикер на црната хроника на власта!

Тоа е, господине Курц! Можеби вие чувствувате потреба да бидете деликатен во својата дипломатска мисија, но јас знам дека пред да слетате во Виена, ќе скокнете до Бад Тацмансдорф! Сите што го напуштаат Скопјанг по средбите со Груевски не одат во Бад Тацмансдорф, но сите што водат сметка за политичката хигиена, или не доаѓаат тука или одат на бања, задолжително!

Каков дијалог очекувате од оваа чудовиште! Па, ви реков, монструмот има слепо црево во черепот и пачка со евра во устата и во очите! Плус злоба! Плус неписменост! Плус некадарност! Плус некултура! Каков дијалог!? Каков дијалог кога власта не е власт туку е антиевропски окупациски корпус за суштинска дисолуција на Македонија, за претворање на Македонија во најодвратен работен логор, а опозицијата или ја нема или во некои последни рестлови ја игра улогата на анестезиолог во таа операција! Тој „подвиг“ ние како „најголемата надеж на европската надворешна политика“, не го постигнавме без ваша помош, тоа спојување на вагината со анусот на нашата слатка Македонија; и сега е, благо кажано, цинично да барате таа Македонија да не сере од органот што не е за тоа! Тоа е вашето барање за дијалог!

По мое мислење, европскиот приоритет треба да биде судбината на Македонија по сосема извесниот крах на режимот на нејзините фаворити од вемерето! Забрзувањето на тој пад, политичката ликвидација на тој политички анус кој самиот себе си лепи вагини за да ги камуфлира своите срања! Дали Европа ќе дозволи дисолуција на Македонија, дали е тоа во интерес на Европа, дали таа работа може да помине без хаос што ќе ја има закономерната тенденција да се шири, како тоа да се спречи, како да се формира здрава опозициона структура ако сегашнава дефинитивно одбие да се реконституира врз основа на нова програма, нова културна понуда, ново лидерство, нови општествени и меѓународни релации, нов поглед кон стварноста. Тоа се вистинските прашања, прашањата за реалната реконституција на Македонија на местото на монструмот од споени вагини и ануси!

Слики: Свирачиња
Извор: Слободен печат