Груевски: Долгот кон ОН ќе го исплатиме дел жирално, дел во кеш, на 10 рати

30.01.2015 13:54
Груевски: Долгот кон ОН ќе го исплатиме дел жирално, дел во кеш, на 10 рати

Скопје, 30 јануари 2015

Премиерот Никола Груевски денеска кажа дека државата уште веднаш ќе се зафати кон решавање на проблемот со неплатениот долг поради кој на Македонија ѝ е одземено правото на глас во Генералното собрание при Обединетите нации.

„Веднаш му се јавив на Зоки и му реков да го плати долгот. Тој ми рече дека на сметка сме немале толку многу пари оти Силванева морала итно да отпатува до Струмица со својот вселенски брод и зела дваесетина илјади евра за бензин. Како што ми кажа, моментално на сметка сме имале слободни за уплата само 2.600 долари, па се договоривме тие уште веднаш да им ги уплати жирално, а за остатокот да се договори да биде на 10 рати по 2.200 долари, кои што ќе му ги дадеме на Бан Ки-мун, лично, во кеш“, рече Груевски.

По изјавата со соопштение се огласи ВМРО-ДПМНЕ која ги замоли медиумите да не ја емитуваат и да ја избришат снимката од ваквата изјава бидејќи, како што напоменуваат од таму, не се работи за гласот, а ниту за ликот на премиерот.

Извор: kozanostra.net