Врабецот младоженец

31.01.2015 07:34
Виц икона

Си бил некој врабец и биле цело село врапчиња и на врабецот му дошло време да се жени со една врапка. Кога, баш на денот на свадбата, дошол еден стар сокол и ја кренал врапката во воздух... ја оскубал и расчеречил... и ја изел. А врабецот младоженец и сите други врапци се разбегале и испосокриле кој кај стигне. Излегува најпосле врабецот-младоженец и вели: Мислев да му скокнам кога ја грабна невеста ми, ама си викам... ај, да не ја правиме голема.

ОкоБоли главаВицФото