Грујо, гадно си се заебал ако мислиш дека толку лесно ќе можеш да го уапсиш лидерот на опозицијата!

31.01.2015 17:20
 Грујо, гадно си се заебал ако мислиш дека толку лесно ќе можеш да го уапсиш лидерот на опозицијата!

Слушај Грујо, не знам во кој филм си, ама ако мислиш дека толку лесно ќе ти помине ова гадно си се заебал! Од кога бе тоа прибирање докази за корупција и криминал на власта е антидржавен пуч?! Не се користени никакви заговори за насилно преземање на власта туку се прибираат докази за твој криминал бе волу еден диктаторски! Какви ти се овие смешни сценарија дека се работи за антидржавен пуч, у кои филмови си ти забеган бре фукаро една диктаторска?!

И ти мислиш дека толку лесно можеш да испоапсиш цела опозиција и да бапнеш у затвор и никому ништо?! Без да се види какви биле тие докази, без да се праша овој народ, чекај бе како може толку лесно да се ставаат бомбите и аферите у бунар? Прво беше аудио снимката со Нини за која го репна Заев со 50.000 е а сега ќе го апсиш и ќе праќаш во зандана?!

Добро бе, толку ли забега мори лејко една коцкаста?! До таму ли отиде, толку ли скрена, толку ли власта те заблуде и поремети?! Значи, вие можете да го користите сиот апарат на ДБК и МВР да се пресметувате со опозицијата, а ако некој проба со некои техники да дојде до компромитирачки материјал за вас тогаш тоа е антидржавен заговор?! Па не сте вие кралеви и фараони бре па да не смее никој да провери како вие работите и што работите?!

Неее, ова нема да ви помине, ова ви е втор 24-ти декември ама овој пат нема да поминете неказнето! Лошо ви се пишува!

Слика: Свирачиња
Извор: Мактел