Ѕверот целосно ја отвори челуста за да проголта сѐ што му стои на патот

02.02.2015 12:43
Ѕверот целосно ја отвори челуста за да проголта сѐ што му стои на патот

Ѕверот целосно ја отвори челуста за да проголта сè што му стои на патот. Суштеството што повеќе од 10 години глуми реформатор, верник, институционалист, голем Македонец, патриот - товарејки му огромни долгови на грбот на тој народ што 24/7 го „џвака“ во неговата лажлива, лицемерна и ненаситна уста - исправен пред падот на прескапата завеса, ја направи, се надевам, последната фатална грешка.

Со неговото јадно (не)образование од областа на економијата, политичките системи, социјалната правда и правичност, наспроти патолошката опседнатост да ја скрои и прекрои историјата и судбината на својот народ, да му ја смени на секој наш човек меморијата со спомените од детството до староста, не можејќи да го прескокне ѕидот на стварноста се исправи со сета своја неукост, очајничка сооченост, уште еднаш и досега најдлабоко потонат во сопствените лаги и заблуди за да ни каже: „ние имаме независно судство, ама јас гарантирам фер судење на ’пучистите’; во тврдењето на ’главниот пучист’ има и вистина, ама јас не дозволувам на таков начин да се обелодени вистината“.

Што да правиме, човекот има своја методологија до доаѓање до вистината.

Всушност пред нас некни имавме бедна креатура, која одамна ги изврши пучот врз Уставот и суспендирањето на демократијата, која со милијарди евра натоварен долг на грбот на народот, што многу го сака, 10 години остварува невидена политичка корупција, купува и поткупува неотпорни совести и очајници во општеството, за да ни каже, уште еднаш, бесрамно, дека некој друг сака да изврши пуч врз уставниот поредок, дека некој друг уценува, во системот на перманентни уцени што самиот го изгради. Бедно и бесрамно.

Дали вистинските пучисти и криминалци од сите нас ќе продолжат да прават криминалци, пучисти и предавници, додека тие спокојно ќе продолжат да ги товарат своите галии, да прават од Македонија измеќарска земја, поседувана од сите само не од својот народ - зависи од совеста на целото општество.

Слики: Свирачиња
Извор:
НоваТВ