1007 hPa
100 %
10 °C
Скопје - Сре, 24.04.2024 05:59
Скопје, 5 февруари 2015
Во Македонија изминативе осум години е зголемен прометот и користењето на платите, а меѓу зависниците има сè повеќе млади, предупредува министерот за финансии Зоран Ставревски.
Користењето на платите е зголемено не само во градовите, туку и во помалите места во Македонија, а има корисници од сите општествени групи, национални и верски заедници.
Од државните институции велат дека ќе направат сè што е во нивна моќ за да се намали количината на плати на пазарот.
„Кога еднаш ќе се навлечете на плата, очекувате дека ќе ја добивате секој месец. Тоа е голема опасност зашто човекот што ќе стане зависен од плата, утре ќе бара уште повисока и повисока плата... каде ли е крајот на тоа“, се прашуваат од Министерството за финансии. „За среќа, има позитивни примери каде одвикнувањето од плата успеа“, додаваат тие.
Во Македонија изминативе осум години, според документите објавени во Службен весник, е забележано „драстично зголемено користење на платата“.
Истражувањата меѓу граѓаните на возраст од 15 до 59 години потврдиле дека најчесто користената плата е онаа од околу 12.000 денари, а забележана е и блага тенденција на пораст на користењето на плати малку повисоки од оваа.
Како што неофицијално дознаваме, корисниците на платата неретко се спремни за неа да понудат какви било услуги.
Извор: www.njuz.net