Марија Џонс, Оливер Митковски и Славиша Кајвски: Царот е гол и многу грд!

14.02.2015 13:16
Марија Џонс, Оливер Митковски и Славиша Кајвски: Царот е гол и многу грд!

Покрај моќниот настап на глумецот Сашо Тасевски кој молскавично се прошири во јавноста, на вчерашниот протест против катастрофалниот закон за оданочување на хонорарците, инспиративни говори одржаа и преведувачката Марија Џонс, како и глумците Оливер Митковски и Славиша Кајевски.

„Живееме во паралелен универзум. Нашиот е реален свет. Ова што го прави власта се Потемкинови села. Ние живееме во приказна на преживување во која сè повеќе нема. Едно е јасно, мора да платиш за да работиш. Во оваа држава сè повеќе има драконски казни и давачки. Овој закон е сомнителен правно и е тешко спроведлив. Власта се труди да го освоиме првото место во сиромаштија. Не бараме од вас да го повлечете законот, нема да го направите тоа, но нема да ви плаќаме. Доста ни е од глумење лудило. Нè учат да јадеме здраво, да правиме селфи пред овие свадбарски торти кои глумат архитектура, а сопствените деца ни се трујат од загаден воздух или умираат бидејќи нема пари за лекување. Затоа оттука им порачувам: Царот е гол и е многу грд“, рече Марија Џонс.

„Народот трпеше сè и сешто, сега се одмаздува“, гласи цитатот од претставата „Мара Сад“, што го одбра Кајевски.

Оливер Митковски го изведе монологот од „Тартиф“ на Молиер во кој се говори за лицемерието.

Извор: А1он

ОкоБоли главаВицФото