Нов популизам

16.02.10 12:25
1236844-md.jpg

Беше тоа политички еквивалент на воена интервенција: во последните недели демократите се бомбардирани со совети како да ја обноват својата економска програма. Се зборува дека избирачите сакаат Обама да стане поголем популист, а помал реформатор, што побрзо да отвора работни места, но и да ги намали трошоците. Овој контрадикторен став е производ на таканаречениот нов популизам. Зад економскиот популизам од крајот на 19 век и скорешниот десничарски културен популизам стои делумно кохерентна идеологија, додека новиот спојува неспоиви проблеми и цели со општ слоган: „Многу сум бесен“. Можеби народот проговори. Но, не е сосема извесно дека тоа што го кажува има смисла.

Едно од можните толкувања на причините за новото популистичко востание е дека ова е бунт на граѓаните против Волстрит, гнев на народот кој се побунил против спасувањето на неодговорните банкари. Банкарите навистина се доживуваат како најголеми непријатели, но станува збор за многу пошироко незадоволство на припадниците на средната класа, кои имаат впечаток дека сите освен нив добиваат некаква помош. Поголемиот дел од избирачите се од големите корпорации, од големата администрација и од големите синдикати. И спасувањето на автомобилската индустрија беше подеднакво непопуларно, иако условите за тие компании беа многу строги (GM и Крајслер банкротираа, акционерите се избришани, а директорите избркани), а најголема корист имаа работниците. Можеше да се очекува дека аранжманот со кој работниците не ја губат работата ќе биде прифатен во земја во која се живее во страв од невработеност. Но, на поголемиот дел од избирачите тоа не им се допадна.

Некои се надеваат дека уништувањето на теоријата за слободниот пазар направи луѓето да посакаат поголема контрола на државата врз економијата. Меѓутоа, процентот на Американците кои мислат дека државата премногу се меша во економијата е поголем отколку во крајот на деведесеттите. Пример за тоа е реформата на здравството. Ако Конгресот го усвои предлогот на законот, со сите негови недостатоци, проблемите за кои избирачите тврдат дека им се важни ќе бидат решени: неосигурените ќе бидат осигурени, ќе се намали неодговорното однесување на осигурителните компании, а луѓето без работа ќе добијат здравствена помош. Па сепак, поголем е бројот на оние кои се против предлог законот од оние кои се за, а многумина мислат дека државата ги надминува своите овластувања. Оние кои мислат дека порастот на трошоците за осигурување е лош тренд истовремено покажуваат најголем отпор кон одредбите на законите кои ги контролираат трошоците – данокот на скапите здравствени осигурувања и подобрата распределба на средства на постојното бесплатно осигурување.

На крајот, многу луѓе ги нервира реформата како таква: испитувањата на избирачите кои во 2008 гласаа за Обама, а неодамна во Масачусетц го избраа републиканецот Скот Браун покажува дека 41% од оние кои се спротивставуваа на реформата на здравството не знаат дали реформата е премногу радикална или дали воопшто е радикална. Едноставно кажано – тие не знаат зошто не ја поддржуваат реформата; едноставно не им се допаѓа. Тие се како Марлон Брандо во филмот „Дивјак“ кој кога го прашуваат против што се буни, одговара: „Зависи што нудиш“.

Она што избирачите сигурно го сакаат се работните места. Но, и тука популистичкиот набој е контрадикторен. Луѓето би сакале државата да им обезбеди работа, но исто така сакаат да се намали дефицитот. Секако, човек може да се грижи за растечкиот долгорочен долг, а сепак да мисли дека поголемата дефицитарна потрошувачка беше клучна за заздравувањето. Но, избирачите не размислуваат за такви детали: тие сакаат државата да го стегне ременот, а истовремено да се избори со невработеноста. Тоа не значи дека трудот на државата ќе вроди со плод – три четвртини од Американците мислат дека поголемиот дел од стимулативниот пакет е потрошен, можеби затоа што не ги гледаат луѓето кои заради таа програма за задржаа работата, туку само оние осум милиони кои ја загубија.

Овој бес не е неочекуван, а ниту избирачите се задолжени да размислуваат логично. Но, тоа не го намалува политичкиот ризик на новиот популизам, зашто избирачите нема да бидат задоволни со ниту еден потег на владата: ако демократите усвојат стимулативен пакет, ќе ги критикуваат за зголемување на дефицитот; ако не го усвојат, ќе ги напаѓаат дека не се грижат за невработеноста. На крајот, и историјата и теоријата потврдуваат дека солидарноста меѓу луѓето во тешките времиња се намалува, а не се зголемува. Неодамна објавената студија покажува дека луѓето кои трпат неправда стануваат посебични. Затоа е тешко да се усвојат програми кои се базираат врз солидарност – како што е реформата на здравството или еколошката програма. Дојде до cap-and-trade, кога луѓето грчовито се држат за она што им останало, во стравот дека ќе изгубат сè.

Во таквите мигови владата паѓа во искушение да ги запре амбициозните проекти, зашто тие ги провоцираат избирачите. Помага кога ќе се сфати дека гневот на избирачите не е идеолошки, туку пред сè прагматичен – тој е последица на слабеењето на економијата и опустошениот пазар на работна сила. Тоа значи дека постои начин да задоволат избирачите, но треба да се знае дека граѓаните ќе се смират ако почнат да се отвораат нови работни места. Помагаат и малите иницијативи кои покажуваат дека владата се грижи за проблемите на луѓето (како што е дефицитарната комисија). Но, најважно е повторно да се придвижи економијата – дури и ако тоа подразбира даночни олеснувања за работодавачите и дополнително нервирање на избирачите со државната потрошувачка. Може да се случат краткорочни политички загуби, но тоа е единствениот начин за излегување од кризата.

Слика: Џери Метчет

Извор: The New Yorker

wty

Cosplay Costumes Cosplay Wigs Movie TV Cosplay School Uniform Uniform Cosplay Cosplay Accessories . cosplay costumes cosplay sexy lingerie The Lingerie Store,The lingerie and nightwear SALE at Style Lingerie. All lingerie sale garments marked 30% to 70% off. Sexy lingerie, ladies underwear and designer nightwear lingerie store lingerie sale sexy lingerie Sexy Clubwear Lingerie, sleepwear and intimate apparel is our specialty, ranging from sexy lingerie to bridal lingerie, including corset, bras, thongs and stockings. Sexy Costumes sexy nurses costume sexy Sports costume Vinyl Lingerie lingerie sale

I think it's also a perfect

I think it's also a perfect art. And I like this post.

prodigy adjustable bed

Испрати нов коментар

Содржината на ова поле е доверлива и нема да се објавува.
  • Адресите за веб-локации и електронска пошта автоматски се претвораат во веб-врски.
  • Дозволени HTML ознаки: <a> <em> <strong> <cite> <code> <ul> <ol> <li> <dl> <dt> <dd>
  • Редовите и пасусите се разделуваат автоматски.

Повеќе информации за опциите за форматирање

CAPTCHA
Ова прашање е да се види дали сте човек и со тоа да се спречат автоматизирани спам пораки. Најавете се доколку сакате да пишувате коментари без оваа проверка.

Препорачуваме

Демократија - тоа е општествено уредување во кое оние што те пљачкосуваат наместо другар те викаат господин.

„Верски центар“ е поим кој ме прави сомничав. Според мене, „Верски центар“ претставува нешто друго. Тоа не е доблест во социјалниот простор, туку нешто што има намера да го обликува тој простор. Не е нешто со кое живееш, туку нешто што е поставено за да ти диктира како да живееш.

Последниве година-две нашето општество е потресено од контроверзите и скандалите кои ги следат поставувањата на скулпурите на нашиот јавен простор. А како е во светот? Ова се десетте најконтроверзни скулпури последниве неколку години.

Прочитајте ги најновите дела од нашата неисцрплива книжевна продукција. Бројот на авторите е помал во однос на минатата недела, но радува фактот што одредени автори одржуваат континуитет и квалитет. Очекуваме и ваши конструктивни коментари.

ОкоБоли главаВицФото