Замислете низ што поминал Заев пред објавувањето на бомбата!

20.02.2015 15:54
Замислете низ што поминал Заев пред објавувањето на бомбата!

Има една интересна работа во целава работа која ми текна вчера на една кривина после Куманово, кај Бељаковце...

Имено, сите сега знаеме дека цел СДСМ и половина држава биле прислушкувани и снимани од ДБК. Е сега, замислете што сè морал да прави Заев за да ја сокрие бомбата од Груевски, за овие да не направат нешто и да ја пречекаат. Сè до моментот кога му кажува на Грујо за бомбата во неговиот кабинет, Грујо немал поим дека Заев дошол до фајловите од кртовите на ДБК.

Замислете што сè морал да прави Заев за да го сокрие ова! Значи, не смеел да ја спомене во своите телефонски разговори, знаел дека го прислушуваат, ама ДБК не знаеле дека тој знае?! Ме следите? Значи тој морал да пишува писма кои ги носеле курири лично и морал да води лажни телефонски разговори, морал да држи сè во себе.

Е сега, замислете колкав напор било тоа за Заев? Замислете колкави количини на страв, параноја, загриженост, гнев може да се роди кај секој од нас, кога знаеш дека цела држава е против тебе, кога знаеш што му се случило на Љубе, на Велија, а и самиот еднаш си бил во затвор како дел од тие одмазди и прогони на режимот? Замислете ги тие напади на параноја кога мислиш дека и канцеларијата ти е озвучена, дека и домот ти е озвучен, дека има и шпиони внатре во СДСМ во самото раководство?! Замислете го тој стрес и тоа лудило?!

И Заев морал сето тоа да го издржи, да не згреши, да не потклекне и да не крене раце и да оди да си го дрви курот на море или на планина, да батали и опозиција и СДСМ и сè у пичку мајчину?! Колку од нас би го издржале сето ова?

Па плус плукање од своите, па ножеви во грб и навреди - пола од нив дојдоа од мене за што сега се чувствувам како магаре - замислете го сето тоа драги мои мактеловци?

Зоран Заев положи еден голем голем голем тест, и мило ми е што е така. ФАЛА ТИ ЦАРЕ, БРАВО, ТИ ЧЕСТИТАМ И ТИ СЕ ЗАБЛАГОДАРУВАМ!

ГОТОВИ СЕ КОПИЛИЊАТА!

Извор: Мактел
Слика: Свирачиња