За насилникот и садистот Сашо Мијалков Амди Бајрам е Марсел Пруст!

23.02.2015 14:27
За насилникот и садистот Сашо Мијалков Амди Бајрам е Марсел Пруст!

Верувам дека сите сме запрепастени од снимките од бомбата на Заев. Човек не знае од каде да почне во анализата на овој куп гомна. Затоа е добро што од СДСМ одлучија полека, дозирано да ја пуштаат бомбата, за да не нè шашардисааат и да избегаме сите во манастирот во Водоча или Зрзе.

Она што е интересно е што досега немавме прилика да го чуеме гласот на шефот на ДБК. Девет години човекот е сива еминенција, шеф на подземјето и надземјето, тој решава кој ќе биде на слобода а кој со пиштол во уста и во затвор. Тој одлучува која фирма чија ќе биде, која партија ќе биде во влада, која во опозиција, а која ќе биде преземена за една недела како што вели Мартин Протуѓер. И конечно го слушнавме човекот.

И што да се каже! Тоа да ти бил еден уличар, една битанга, еден лигуш, една скопска мафијоза со речник на шиткач на петарди на авто пазар. Сигурно и психата му е на тоа ниво.

Еден невиден клошар. Овој човек често се слика на премиерите на својата сопруга, инаку прима балерина. Сигурен сум дека за време на претставата или спие или има слушалка во уво и слуша крвави песни од Аца Лукас, од оние, чаше ломим - руке ми крваве...

Сега ми е јасно зошто го криеја Сашо Мијалков од интервјуа на ТВ и радио, па тоа бил еден неписмен простак со речник и акцент на скопски деликвент, криминалец, мафијаш, Амди Бајрам за него е Марсел Пруст, тој звучи далеку поначитано и поцивилизирано од овој насилник, садист и мрачен тип!

Ете зошто го криеја него од јавноста и никој не смееше да го добие во интервју или па не дај боже да даде изјава за медиуми, да дојде во парламент во комисијата за надгледување на тајните служби... Сите ќе видевме за каква тоа банда станува збор. Грујо излезе како добра маска за овој режим, народен, скромен, во ролка, сере девет години за патриотизам и грижа за народ, а тие нас нè сметале за гревови, цело време се обидувале да нè сотрат. И богами солидно успеаја во тоа. Да не беше бомбава, ќе владееја уште најмалку десет години, се додека можеме да се задолжуваме, а мислам дека уште толку ќе можевме со се продажбата на ЕЛЕМ која сигурно ја планирале како спас од бездната кон која Македонија се ближи со ова темпо на трошење за тркала и споменици.

ГОТОВИ СТЕ, ГОТОВИ!

Слика: Свирачиња

Мактел, 23.02.15.