1007 hPa
72 %
14 °C
Скопје - Чет, 25.04.2024 16:59
Инсталацијата на јапонскиот уметник Кенто Фукуда е едноставна, а ефективна комбинација од неколку медиуми и видео проекција. Собата преполна со елементи од јапонската поп култура и различни анимации од Фукуда, заедно со неколку вклучени лаптопи, на хиперболизиран начин го отсликува современиот човек како конзумент на производи, информации и медиумски содржини.
Затемнетиот простор ја сугерира мрачната димензија на позицијата во која се наоѓа денешниот човек, соочен со „нападите“ на модерното потрошувачко општество.